Свет
Во Сирија убиени уште 40 демонстранти
Сириските безбедносни сили во петокот убиле најмалку 40 цивили кои протестирале и се барала меѓународна заштита, соопштија од Сирискиот центар за мониторинг и заштита на човековите права со седиште во Лондон.
Сириските безбедносни сили во петокот убиле најмалку 40 цивили кои протестирале и се барала меѓународна заштита, соопштија од Сирискиот центар за мониторинг и заштита на човековите права со седиште во Лондон. Повеќето убиства се случиле во градовите Хомс и Хама, каде што е големо присуството на припадниците на сириската армија откако во август силни единици навлегоа во градот за да ги задушат масовните протести. Војниците и припадниците на паравоените милиции лојални на претседателот Башар ел-Асад ги тероризираат градските четврти за да го запрат бунтот на населението, јавуваат сириските заштитници на човековите права. Активистите соопштија дека демонстрантите на традиционалните масовни протести кои се одржуваат и се најмасовни во петок по молитвите, вчера побарале меѓународна заштита, односно интервенција, откако НАТО најави дека ќе ја заврши својата мисија во Либија, којашто ја одигра главната ролја во соборувањето на ;Моамер ел-Гадафи. Во петок, според истиот извор на Reuters, низ цела Сирија се одржувале масовни демонстрации, кои започнале по одржувањето на главната неделна молитва. Според активистите на сириската опозиција, смртта на Гадафи дала голем импулс на демонстрациите, бидејќи убиениот поранешен либиски водач одржувал блиски врски со сирискиот претседател ал-Асад.Во Сирија изминатите седум месеци континуирано се одвиваат анти-владини протести, која започна во средината на март во јужниот дел на земјата, во градот Дера’а, а потоа се проширија и во другите региони.Според податоците на Обединетите нации, бројот на жртвите од судирите во земјата надминува три илјади луѓе. Сириската власти, пак, тврдат дека судирите се испровоцирани од вооружени групи кои се поддржани и уфрлени од надвор, а дека бројот на загинати не надминува повеќе од 1.500 мртви од двете страни, од кои 1.100 се припадници на сириските безбедносни сили.Сириската опозиција која е организатор анти-владините протести, бара неодложна оставка на претседателот Башар ал-Асад. Ова барање е поддржано и од САД и земјите на Европската унија кои воведоа голем број економски санкции против Сирија./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

