Македонија
Енциклопедијата не е антиалбанска, туку антимакедонска
Енциклопедијата на МАНУ не е антиалбанска, туку антимакедонска зад која стојат тајни служби на две соседни држави и нивни инсталации во…
Енциклопедијата на МАНУ не е антиалбанска, туку антимакедонска зад која стојат тајни служби на две соседни држави и нивни инсталации во академијата во Скопје.
Ова попладнево го изјави претседателот на Народно движење на Македонија, Јанко Бачев, откако на претседателот на МАНУ Ѓеорѓи Старделов му врачи меморандум со барање од енциклопедијата да биде избришана одредницата за словенското потекло на македонската нација.
„Настаните поврзани со енциклопедијата се дел од перфидна и смислена игра на безбедносни служби на две соседни држави и нивни инсталации во МАНУ со крајна цел да и се зададе завршниот удар на македонската нација со тоа што наводно ќе се докаже словенскиот карактер на македонскиот народ“, изјави Бачев.
Тој не посочи кои се тие две соседни тајни служби ниту детали за поднесениот меморандум додавајќи дека треба да се почека вонредното собрание на МАНУ закажано за идната недела.
Обвинувајќи за „перфидни игри“ поврзани со енциклопедијата, Бачев рече дека не е случајно што гневот е свртен кон албанското малцинство, ниту тајмингот на објавување пред извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија и најавата за визна либерализација. /крај/ег/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

