Македонија
Македонија и Албанија ќе ги либерализираат трговските односи

Македонија и Албанија ќе работат на либерализација на трговските односи, создавање заеднички пазар, со укинување на повеќе царински обврски
Македонија и Албанија ќе работат на либерализација на трговските односи, создавање заеднички пазар, со укинување на повеќе царински обврски, во рамките на ЦЕФТА.
Ова било договорено на средбата во Тирана на министрите за економија на Македонија и на Албанија Фатмир Бесими и Генц Рули.
Според нив ова ќе овозможи полесно справување со последиците од светската економска криза
„Ние се договоривме за целосна либерализација на трговијата меѓу Македонија и Албанија. Со други зборови Македонија и Албанија ќе имаат заеднички пазар без царини“, рече Бесими во Тирана.
„Мислам дека нашите влади покажаа не само волја, туку и мудрост за овој голем чекор за создавање на заеднички пазар и царинска унија во рамките на балканскиот регион и тоа во моментот на глобалната економска криза“, изјави Рули.
Укинувањето на бариерите за трговска размена се очекува да биде придружено со нови инвестиции во инфраструктурата за поврзување меѓу двете земји./крај/ал/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на јазиците, институцијата која има клучна улога во надзорот и спроведувањето на правото на службена употреба на албанскиот јазик“, велат од ДУИ.
„Инспекторите на оваа институција, веќе повеќе од четири месеци немаат добиено плата. Тие се оставени без социјално и здравствено осигурување, без елементарна безбедност за себе и за своите семејства.
Ова не е само социјална неправда – ова е намерна стратегија за уништување на институцијата, со цел да се натераат обучените и лиценцирани инспектори да ја напуштат својата работа, а со тоа да се парализира системот на контрола.
Оваа акција е само една етапа од поширок, координиран напад врз статусот на албанскиот јазик во Република Северна Македонија.
• Најпрво беше одземена независноста на Инспекторатот, ставајќи го под надлежност на Министерството за правда, со што институцијата беше ставена во политичка зависност.
• Потоа следеше системско игнорирање на законот од страна на институциите,
• Министерствата, јавните претпријатија и нивните веб-страници се исчистени од содржини на албански јазик,
• А сега, се удира и по самата институција која е формирана да го штити законот.
Истовремено, Уставниот суд го разгледува Законот за јазиците под притисок, со можност да се поништат неговите клучни одредби.
Ова не е случајна негрижа. Ова е смислена операција за демонтажа на целиот систем изграден околу службената употреба на албанскиот јазик.
Ова е момент што не трпи молк. Секој што молчи денес, ќе биде соучесник утре.
Нашиот повик е до сите – без разлика на етничка припадност, политичка ориентација или позиција во општеството. Претставници на граѓанскиот сектор, граѓани, интелектуалци, медиуми, меѓународни партнери – сега е времето да се крене гласот.
Албанскиот јазик не е симболика. Тој е уставно право, еднаквост, мир и достоинство“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. 103 – Волково во близина на кружниот тек во Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 100 и 21 во село Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Сопиште (ул. 14 и ул. 16 кај Св. Мина) во општина Сопиште.