Свет
Земјотресот во Јапонија измести полуостров за пет метри, и нов земјотрес
Полуостровот Осика североисточно од главниот јапонски остров Хоншу, од катастрофалниот земјотрес од 11-ти март се поместил за 5,3 метри во југо-источна насока и пропаднал за 1,2 метри, пренесува јапонската агенција Kyodo повикувајќи се на националниот Институт за географија
Поместувањето на полуостровот, кој административно влегува во составот на префектурата Мијаги, претставува најзначајното поместување на земјината кора во целата историја на проучувањата то ги врши јапонскиот Институт за географија. Досега најголемото поместување на земјината кора од 4,4 метри беше измерено југоисточно, во близина на градот Минамисома, исто така во префектурата Мијаги. Движењето на земјината кора продолжува и по земјотресот. Една седмица по ударот на стихијата за 25 центиметри се измести кората под градот Јамада во префектурата Јамада, а за 17 центиметри под градот Теси во истата префектура. Агенцијата јавува и за уште еден земјотрес во саботата попладне по локално време. Овојпат потресот бил со магнитуда 6,1 по рихтер и го погодил северо-источниот дел на Јапонија, потврдиле јапонскита сеизмолози. Претходно, два земјотреса со магнитуди од а 5,4 и 5,9 степени по Рихтер случил во раните утрински часови во саботата ко го погодија источниот јапонски остров Хоншу.Потреси се регистрирани во 10,27 и 11:23 по локално време (02.27 и 03,23 по македонско време) во регионот на источното крајбрежје на јапонскиот остров Хоншу. Фокусите на земјотресите биле на длабочина од девет километри и од 24 километри. Предупредување за опасност од цунами не е издадено.Земјотреси со магнитуда од 6 и повеќе се сметаат за силни и можат да предизвикаат значителна штета и жртви, велат сеизмолозите.Земјотресот е регистриран во префектурата Ибараки, североисточно од Токио. Засега не е издадено предупредување за опасност од цунами. Исто така, оперативни информации за можни оштетувања не се јавени. Според Reuters, во јапонската престолнина Токио за време на последниот саботен земјотрес, биле забележани само затесување на зградите.Повеќе од 260 земјотреси со јачина од 5,0 и повеќе степени по Рихтер се регистрирани во текот на минатата седмица во областа на источниот брег на Јапонија, пренесе во петокот јапонската агенција Kyodo повикувјаќи се на Јапонската метеоролошка агенција. Според управата на агенцијата, од минатиот петок во близина на јапонскиот источен брег се регистрирани 262 земјотреси. Оваа бројка е рекордна и е за 2,5 пати повисока од фреквенцијата на потреси регистрирани по земјотресот со магнитуда од 8,2 степени кој се случи во 1994 г. во близина на источниот брег на островот Хокаидо. Како што јавува агенцијата Кyodo, јапонските метеоролозите велат дека веројатноста за повторна појава на последователни потреси со јачина над пет поени на 7-точка na јапонскaтаи скала е намалена во текот на изминатите три дена, од 40 на 30 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels

