Контакт

Свет

Земјотресот во Јапонија измести полуостров за пет метри, нов земјотрес

Објавено пред

Полуостровот Осика североисточно од главниот јапонски остров Хоншу, од катастрофалниот земјотрес од 11-ти март се поместил за 5,3 метри во југо-источна насока и пропаднал за 1,2 метри, пренесува јапонската агенција „Кјодо“ (Kyodo) повикувајќи се на националниот Институт за географија.

Полуостровот Осика североисточно од главниот јапонски остров Хоншу, од катастрофалниот земјотрес од 11-ти март се поместил за 5,3 метри во југо-источна насока и пропаднал за 1,2 метри, пренесува јапонската агенција „Кјодо“ (Kyodo) повикувајќи се на националниот Институт за географија. Поместувањето на полуостровот, кој административно влегува во составот на префектурата Мијаги, претставува најзначајното поместување на земјината кора во целата историја на проучувањата то ги врши јапонскиот Институт за географија. Досега најголемото поместување на земјината кора од 4,4 метри беше измерено југоисточно, во близина на градот Минамисома, исто така во префектурата Мијаги. Движењето на земјината кора продолжува и по земјотресот. Една седмица по ударот на стихијата за 25 центиметри се измести кората под градот Јамада во префектурата Јамада, а за 17 сантиметри под градот Теси во истата префектура. Агенцијата јавува и за уште еден земјотрес во саботата попладне по локално време. Овојпат потресот бил со магнитуда 6,1 по рихтер и го погодил северо-источниот дел на Јапонија, потврдиле јапонскита сеизмолози. Претходно, два земјотреса со магнитуди од а 5,4 и 5,9 степени по Рихтер случил во раните утрински часови во саботата ко го погодија источниот јапонски остров Хоншу.Потреси се регистрирани во 10,27 и 11:23 по локално време (02.27 и 03,23 по македонско време) во регионот на источното крајбрежје на јапонскиот остров Хоншу. Фокусите на земјотресите биле на длабочина од девет километри и од 24 километри. Предупредување за опасност од цунами не е издадено.Земјотреси со магнитуда од 6 и повеќе се сметаат за силни и можат да предизвикаат значителна штета и жртви, велат сеизмолозите.Земјотресот е регистриран во префектурата Ибараки, североисточно од Токио. Засега не е издадено предупредување за опасност од цунами. Исто така, оперативни информации за можни оштетувања не се јавени. Според Reuters, во јапонската престолнина Токио за време на последниот саботен  земјотрес, биле забележани само затресување на зградите. /крај/кј/ро/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Шпанија помладите од 55 години што прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Објавено пред

Шпанија ќе им даде само една доза вакцина на лица помлади од 55 години што биле заразени од коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство во најновата промена на стратегијата за вакцинација.

„Времетраењето на отпорноста кон вирусот по инфекцијата е непознато, но истражувањата покажуваат дека единечна доза кај овие луѓе го зголемува имунитетот“, се вели во упатството.

Франција воведе слична политика претходно овој месец и италијанските политичари размислуваат да го следат истиот пат.

Шпанија веќе ги советуваше луѓето што немале тешка форма на Ковид-19 да чекаат шест месеци од дијагностицирањето пред да бидат вакцинирани.

Во Шпанија се вакцинирани околу 2,2 милиона граѓани од приоритетните групи, како што се корисници и вработени во домови за стари лица, лица над 80 години и медицински персонал во првите редови во борбата против коронавирусот. Од нив, 1,2 милиона добиле две дози.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Србија 3.339 нови случаи на коронавирус, 16 лица починаа

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.339 нови случаи на коронавирус, а 16 лица починале.

Тестирани се 14.128 лица. Во болница има 3.876 пациенти, од кои 159 се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени 453.240 случаи на коронавирус, а починале 4.414 лица.

Стапката на смртност е 0,97 проценти. Досега се тестирани 2.917.578 лица, пренесува „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Европа

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ пристигнува во ЕУ, одобрувањето се очекува до 11 март

Објавено пред

Европската агенција за лекови треба да ја одобри употребата на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 11 март, пренесуваат „Ројтерс“ и „Блумберг“.

Американската фармацевтска компанија на почетокот на месецов поднела барање за условно одобрување на вакцината до Европската агенција за лекови (ЕМА). Минатата недела ЕМА соопшти дека ќе го објави своето мислење до средината на март.

ЕУ досега ги одобри вакцините произведени од „Фајзер/ Бионтек“, „Модерна“ и „Астразенека“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Во Шпанија помладите од 55 години што прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Шпанија ќе им даде само една доза вакцина на лица помлади од 55 години што биле заразени од коронавирус, соопшти...

Македонија3 часа

Повредени седум полицајци и осуммина приведени на протестот за „Монструм“

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“ се повредени седум полицајци. Од МВР исто така информираат дека се приведени осум...

Македонија4 часа

Регистрирани нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени...

Македонија7 часа

Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, а притворот е противзаконски

Сашо Мијалков може да помине само 60 дена во притвор во затворот во Шутка, бидејќи истиот е побаран со обвинителен...

Македонија8 часа

Веднаш по судењето Мијалков оди во затворот во Шутка

Судот донесе одлука првообвинетиот Сашо Мијалков да издржува ефективен, односно затворски притвор. Тој по судењето ќе биде спроведен во истражниот...

Македонија8 часа

Лекарска комора: Згрозени сме од постапката на возачот кој удри во доктор и побегна

Лекарската комора најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здобил д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор...

Македонија9 часа

12 години затвор за Мијалков за масовно и нелегално прислушкување

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година...

Европа9 часа

Меркел: Вакцините на „Астразенека“ се безбедни, но јас нема да се вакцинирам со неа

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германската канцеларка Ангела Меркел призна дека луѓето ја одбиваат вакцината на „Астразенека“ затоа што...

Европа10 часа

Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Kовид-19 со вакцината нa „Оксфорд“ /„Астразенека“...

Свет10 часа

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е...

Свет11 час

Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство....

Свет12 часа

Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели...

Македонија12 часа

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот,...

Свет23 часа

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа...

Македонија1 ден

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија1 ден

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија1 ден

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија1 ден

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија1 ден

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Досие