Европа
Во Австрија ги обвинуваат САД за геостратешка дестабилизација на Европа

Челникот на австриската десна Слободарска партија Хајнц-Кристијан Штрахе, САД и НАТО ги означи како главни виновници за мигрантската криза во Европа, а истовремено поранешниот чешки претседател, евроскептикот Вацлав Клаус објави дека во саботата покренал петиција против примање мигранти во земјата додека.
Во Австрија челникот на крајната десничарска Слободарска партија (FPO), Хајнц-Кристијан Штрахе, како главни виновници за бегалската криза ги означи САД и НАТО.
„САД и НАТО ги уништија Ирак и Либија со своите воен интервенции, бомби и проектили, а во Сирија пружија финансиска, логистичка и воена поддршка на опозицијата на претседателот (Башар) ал-Асад со што во тој регион го овозможија уништувањер, хаосот, страдањата и создавањето на Исламската држава“, напиша Штрахе на својот профил на Facеbook, но набрзо неговата изјава беше широко пренесена и коментирана во австриските медиуми.
Штрахе, кој на изборите во октомври ќе се кандидира за градоначалник на австриската престолнина виена, остро го критикуваше тоа што го нарекува сугестиите на американскиот претседател Барак Обама дека во прв ред Европа треба да се справува со бранот кој ја преплавува.
„САД веќе со децении предизвикуваат пожари на Блискиот исток, а потоа имаат лице да тврдат дека одговорноста за поплавата од бегалци паѓа на Европа. Тоа е совршен пример за геостратешка дестабилизација“, пишува натаму австрискиот политичар.
„Не сакаме исламизација на Европа. Не сакаме да исчезн нашата западна христијанска култура“ порача Штрахе во одвоен разговор за австриската телевизија ORF, напоменувајќи дека во Европа би требало да се пуштаат христијаните и евреите, а не муслиманите.
„Ние, потписниците на петицијата, не сме нечувствителни на патењата на илјадниците луѓе предизвикани од војната и другите катастрофи, меѓутоа… се противиме на манипулацијата со јавното мнение со создавањето на лицемерното чувство на солидарност со тие мигранти“, исто така во саботата изјави 74-годишниот Вацлав Клаус, за новинарите во местото Лиса-над-Лабем, недалеку од чешката престолнина Прага.
Клаус тврди дека само во првите десетина минути откако неговата петиција била поставена на интернет, ја потпишале неколку стотици луѓе.
„Масовното доселување ги загрозува самите темели на стабилноста на Европа и земјите членки на ЕУ. Неприфатливо е кршењето на правилата на Шенгенскиот простор, под покровителството на ЕУ, но всушност под притисокот на Германија и Франција, а на земјите коишто се трудат да ги почитуваат тие правила, како Унгарија, им се закануваат со санкции на Европската унија“, се истакнува во петицијата.
Споре Клаус, неговата петиција треба да ги обедини оние граѓани кои се загрижени за својата и иднината на своите деца, бидејќи миграциите од земјите од третиот свет претставува сериозна за земјата и воопшто за континентот.
Во текстот се повикува чешката влада „да ја гарантира безбедноста во земјата и неповредливоста на нејзините граници со сите расположливи средства“, а „на ниво на ЕУ да не прифати никакви квоти или слични мерки за распределување на мигрантите“, како што бара Европската комисија, како и да „истрае на почитувањето на договорот кој е на сила во областа на политиките во врска со азилот“./крај/мф/сн
Извор: Reuters/AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на координаторот на проруското „Николаевско подземје“ Сергеј Лебедев.
Украинските власти потврдија дека повеќе од десетина експлозии се слушнале во Криви Рих за време на воздушниот напад, но не го споменаа аеродромот.
Kryvyi Rih has indeed been subject to an awful attack.
At least 10 drones descended on the city in Dnipropetrovsk.
It's no known how many hit targets, but from this video we can see there were quite a few.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/tQRXmptF7F— Tim White (@TWMCLtd) October 16, 2025
„Беа избројани околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозовацки на север од градот, каде што има пет авиони, вклучувајќи ги и оние на НАТО. Оттаму, масовно се лансираат беспилотни летала кон јужниот дел на Русија: Крим, Краснодарска територија, јужно од Ростовската област“, рече Лебедев.
Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички центар со неколку хангари и складишта за оружје.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети Томахавк.
Trump said he told Putin: “You wouldn’t mind if I gave a couple thousand Tomahawk missiles to your opposition?” — adding that the Russian leader didn’t like the idea. pic.twitter.com/hYainBXRW9
— KyivPost (@KyivPost) October 16, 2025
„Го прашав: ‘Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?’“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.
Трамп и Путин разговараа по телефон пред планираниот состанок на нивните советници следната недела и најавениот состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, кој треба да биде посветен на обидот за постигнување договор за војната во Украина.
фото: принтскрин