Македонија
СДСМ ќе гони за злоупотреба на прислушувањето

Секој кој што се огрешил околу законот по прашањето злоупотреба на прислушувањето ќе се соочи со сопствената одговорност, после промената на власта во државата.
Секој кој што се огрешил околу законот по прашањето злоупотреба на прислушувањето ќе се соочи со сопствената одговорност, после промената на власта во државата.Вакво предупредување денеска упати лидерот на опозиционата СДСМ, Бранко Црвенковски, наведувајќи дека не поседува материјални докази дека е прислушуван од власта.„Материјални докази немам, нити можам да ги имам, нив ќе ги прибавиме тогаш кога ќе дојде до промена на власта“, порача Црвенковски, одговарајќи на новинарско прашање зошто не се обратил до МВР, откако изјави дека е прислушуван Според него, постојат доволни индикатори дека во државата се злоупотребува прислушувањето, а како еден од нив го посочи податокот дека перманентно се купувала скапа опрема за УБК од странство токму за таа намена..„МВР по секој цена избегнува било каква парламентарна контрола на работата и на министерството, посебно на управата за безбедност и контраразузнавање. Очигледно е дека нешто сакаат да скријат. Самото МВР по повод притворањето на Љубе Бошковски, лидерот на ОМ, во свое соопштение кажаа дека меѓу другото тој бил под третман на техничко следење на подолг временски период“, изјави Црвенковски. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.
Македонија
Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Времето во наредните денови
Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.