Свет
Поткупот го поткопува образованието

Во корупцијата се замешани само некои од професорите, а преку нејзиното прикривање се деградира професијата воопшто, се вели во извештајот
Во корупцијата се замешани само некои од професорите, а преку нејзиното прикривање се деградира професијата воопшто, се вели во извештајот
Корупцијата е распространета во целиот образовен систем, но мал е бројот на официјално пријавените и решени случаи, пишува во извештајот на Центарот за граѓански комуникации од Скопје.
Масовно поправање оценки на крајот од учебната година во основното и во средното образование, дополнителни часови за кои се плаќаат професори што им предаваат на учениците, злоупотреба на пријателството со професори, продажба на учебници во високото образование се само дел од облиците на корупција во образованието. Во Центарот велат дека заклучоците во истражувањето се изведени од разговори со ученици, студенти и со професори.
Во извештајот се утврдува дека студентите се плашат да ги пријават случаите на корупција, а наставници и професори прикриваат колеги што земаат мито. Центарот укажува дека институциите за заштита на студентите и на родителите покажале слаби резултати и незаинтересираност. Професори вклучени во европските интегративни процеси на државните универзитети од земјава дури и предупредуваат оти корупцијата во овие институции може да биде пречка за нивно зачленување во Европската универзитетска асоцијација (ЕУА).
Во извештајот се истакнува дека слабите институции и механизми за заштита на студентите и на учениците што би пријавиле корупција, личниот интерес на студентите и родителите што се замешани во корупција да молчат за дадениот поткуп за купување на оценката и премолчената солидарност кај професорите за нивните корумпирани колеги се трите главни причини за појава на корупција. Прикривањето на корупцијата во образованието, со што се оневозможува и борбата против неа, го носи ризикот учениците и студентите да се стекнуваат со коруптивни навики. Иако во коруптивни активности е вмешан само дел од наставничко-професорскиот кадар, преку прикривањето на корупцијата се деградира професијата воопшто.
„Купувањето“ оценки се врши со посредници, а наклоноста на професорите се добивала и со различни производи и противуслуги. Се истакнуваат случаи студенти да им купуваат на професори лекови, техничка стока и друго или противуслугата да подразбира организирање свадби за децата на професорите, летни одмори или најмување на професорите како надворешни консултанти во фирмата на родителите на студентите. Друг посочуван облик на корупција застапен во високото, но и во средното образование се дополнителните часови што студентите и учениците ги земаат надвор од редовната настава. Според Цантарот, има примери на организирање екскурзии или матурски прослави преку пријателски агенции и ресторани од кои потоа директорите на училиштата добиваат соодветен надомест.
Истражувањето на корупцијата во образованието покажува дека во Македонија недоволно се користат постојните институции и механизми за спречување на корупцијата во образованието, а несериозно се сфаќа функцијата студентски правобранител.
(Љ.Г.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин
Свет
Аналена Бербок ја презеде функцијата претседател на Генералното собрание на ОН

Поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, официјално ја презеде функцијата претседател на Генералното собрание на Обединетите нации во вторникот.
Таа положи заклетва во Обединетите нации во Њујорк.
Бербок (44) ја презеде функцијата од својот претходник, Филемон Јанг, поранешен премиер на Камерун, на почетокот на 80-тата сесија на Генералното собрание во Њујорк.
„Се радувам на соработката со вашиот наследник, новоизбраниот претседател Бербок, додека продолжуваме да бараме глобални решенија за глобалните проблеми“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Избрана и покрај руското противење
Бербок беше избрана на функцијата во јуни со огромно мнозинство, и покрај руското противење на нејзината кандидатура.
Политичарката од Зелената партија, која беше министерка за надворешни работи на Германија до мај, е само петтата жена што ја извршува оваа функција.
Позицијата е во голема мера церемонијална по природа и не треба да се меша со улогата на генералниот секретар на ОН.
Како претседател, Бербок ќе претседава со седниците на Генералното собрание и ќе помага во утврдувањето на дневниот ред и деловникот за состаноците.
фото: принтскрин