Свет
Доцни рестартирањето на рудникот „Злетово“
На 26 јули изминува рокот за рестартирање на рудникот „Злетово“, но од најавеното враќање на работа на 500 рудари и од инвестициите од пет милиони долари се’ уште нема ништо
На 26 јули изминува рокот за рестартирање на рудникот „Злетово“, но од најавеното враќање на работа на 500 рудари и од инвестициите од пет милиони долари се’ уште нема ништо
На 26 јули изминува рокот за рестартирање на рудникот „Злетово“, но од најавеното враќање на работа на 500 рудари и од инвестициите од пет милиони долари се’ уште нема ништо. Новиот сопственик на рудникот, индиската фирма „Бинани“, сега преименувана во „Индо минерали“, не дава нови најави во врска со обновувањето на производството, кое очајно го чекаат локалните жители.
– Дел од поранешните 1.500 вработени во рудникот во Пробиштип веќе ја губат вербата во дадените ветувања. Незадоволни од бавната реализација на бизнис-планот, тие го известија раководството на „Индо минерали“ дека ако до крајот на месецот не го почнат производството, на 31 јули со протести пред управната зграда на рудникот ќе бараат Владата да го раскине купопродажниот договор и да почне преговори со нов стратегиски партнер – изјави Новит Арсов, претседател на новоформираното координативното тело на поранешните работници од „Злетово“.
Во изминатите пет месеци, откако фирмата „Индо минерали“ го презеде „Злетово“ од „Ксеминекс“, редовно им дели плати на 183 ангажирани работници за одржување на рудникот. Набавени се и педесетина метри кубни техничко дрво и две челични јажиња за јамските окна. Но, тоа не е доволно за повторно отворање на рудникот, кој пред пет години беше е ликвидиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

