Европа
Порошенко го разреши олигархот Коломојски

Украинскиот претседател Петро Порошенко го разреши во средата милијардерот Игор Коломојски, гувернер на регионот Днепропетровски, кој е на границата со одметнатиот рускојазичен регион Донбас, поради судирот околу контролата над државните компании.
Украинскиот претседател Петро Порошенко, чие богатство исто така се изразува во милијарди евра, го разрешил од должноста Игор Коломојски, соопштија од неговиот кабинет. Овој потег е преземен по судирите меѓу Коломојски и парламентот околу контролата над државните компании.
Коломојски беше именуван од прозападните власти во Киев пред една година, кога политичките сили кои го соборија претседателот Виктор Јанукович, почнаа да ги менуваат регионалните функционери за кои сметаат дека не им се лојални, што заедно со укинувањето на рускиот јазик како службен, кој на југоистокот од земјата како мајчин го декларира огромно мнозинство од населението, предизвика протести и отцепувања на црноморскиот полуостров Крим а подоцна и вооружен бунт во регионите Луганск и Донецк.
Регионот Днепропретровск, досега доверен на управување на Коломојски, се смета за клучна индустриска област. Самиот Коломојски требаше да го спречи бунтот на рускојазичното население во неговиот регион, а стана познат по финансирањето на доброволечките баталјони кои се борат заедно со силите лојални на Киев, но кои проруските бунтовници ги обвинуваат дека се составени исклучиво од припадници на украинските националистички и неонацистички движења.
Меѓутоа, украинските медиуми во средата јавија дека веднаш кога украинска влада се обидела да ги смени и луѓето блиски на 52-годишниот Коломојски од првите функции во двете државни нафтени компании, вооружени маскирани луѓе, кои се поврзуваат со олигархот, ги заземаа просториите на компаниите „УкрТрансНефт“ и „Укрнафт“ во главниот град Киев. Во медиумските извештаи, особено на странските агенции, се истакнува дека тие сцени потсетуваат на војните меѓу украинските олигарси на почетокот од 1990-те, како и на минатогодишните заземања на државните институции во текот на прозападната револуција.
Овие настани во Киев кај западните медиуми го поттикнаа прашањето дали претседателот Порошенко е способен да ја контролира ситуацијата во земјата. Порошенко и Коломојски се сретнале доцна ноќта кон средата во кабинетот на шефот на државата, и според претседателската служба за односи со јавноста, Коломојски „поднел оставка“. „Претседателот се согласи со понудената оставка на Игор Коломојски“, се наведува во кусото цитирано соопштение од кабинетот на Порошенко./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) 11 повредени во руски напад врз Украина: „Тие сè уште намерно ги таргетираат цивилите“

Руските сили погодија станбена област во Харков со балистичка ракета, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопштија украинските власти доцна синоќа.
Едно 13-годишно девојче е меѓу повредените во Харков, вториот по големина град во Украина, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов преку апликацијата за пораки Телеграм.
Харков, кој се наоѓа во североисточна Украина во близина на границата со Русија, е редовна цел на руски напади со беспилотни летала и ракети од почетокот на војната што Москва ја започна во февруари 2022 година.
🇷🇺🇺🇦
🔻Ataque ruso contra Kharkiv🔻Russian attack against Kharkiv pic.twitter.com/kkcQw67PQY
— Ares, Information Service (@Aresinfoservice) August 18, 2025
„Ударниот бран ги скрши прозорците во блиските станбени згради“, објави државната служба за вонредни состојби на Украина на Телеграм, додавајќи дека некои жители морале да бидат евакуирани.
Одделно, регионалните власти соопштија дека 57-годишна жена е повредена во руски воздушен напад врз североисточниот регион Суми, во кој исто така се оштетени најмалку десетина станбени згради и една образовна институција.
„Непријателот продолжува намерно да ја таргетира цивилната инфраструктура во регионот Суми, подмолно, ноќе“, рече гувернерот Олех Хрихоров на Телеграм. Ројтерс не беше во можност независно да потврди какво оружје користела Русија во нападите. Двете страни негираат дека таргетирале цивили во нивните напади, но илјадници луѓе се убиени, од кои огромното мнозинство се Украинци, соопшти агенцијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.