Македонија
Ако нема датуми за преговори со ЕУ, СДСМ ќе „притисне“

Притисокот опозициската СДСМ би го направила „па макар и со предвремени избори“ рече Црвенковски во тетовска Мала Речица по средбата со лидерот на владејачката ДУИ
И владејачката ДУИ и опозицискиот СДСМ се на ставот дека доколку Република Македонија не добие датум за преговори со Европската Унија во декември, нема да побараат предвремени избори со цел да не се уништи позитивниот момент коj што ќе трае следните неколку месеци. „Но доколку премиерот Груевски не излезе со решение и со план набрзо потоа, СДСМ е подготвена да притисне, макар и со предвремени избори“, изјави претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Инаку, целта на денешната посета на лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски на партиското седиште на ДУИ во Мала Речица и средбата со Али Ахмети беше да се поразговара за иднината на Република Македонија и очекувањата што ќе се случи на 7 декември во Советот на Европа, соопштија од двете партии.Али Ахмети ја поздрави иницијативата на Бранко Црвенковски за средба во штабот на ДУИ, како прв политичар Македонец кој што го сторил тоа. За Ахмети средбата претставува добра порака за сите граѓани на Република Македонија.Лидерот на ДУИ му ја пренесол на Црвенковски цврстата определба на неговата партијата за интеграција на Македонија и за нивниот конструктивен придонес што ќе им го пружат на сите институции.„Средбата нема задни намери, не претставува закана за премиерот Груевски“, туку, како што рече Али Ахмети, „често низ политичката историја се среќаваат примери каде опозицијата ги дава најконструктивните решенија за решавање на важните државни прашања“. Тој уште еднаш го изнесе својот позитивен став и очекувањата дека Македонија во декември ќе добие датум за преговори. Црвенковски го повтори ставот на СДСМ дека „Македонија е пред историска шанса да ги реализира своите аспирации за евроинтеграција“ и дека ќе го поддржат премиерот Груевски, како што рече – „при носење на какво да и е решени за името кое не задира во идентитетот на Македонците.“Лидерот на СДСМ е загрижен за тоа што „… и по еден месец од добивањето на извештајот на Европската комисија, во меѓувреме не се случи ништо и не се преземаа никакви чекори за некакво решение.“„Прв чекор е средбата со медијаторот Нимиц по 16-ти овој месец од која очекувам конкретни решенија“, рече Црвенковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Викендов сончево и малку посвежо време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 70км/ч.), информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер ( локално над 70км/ч.) кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 4-6 степени во споредба со денешните.
Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст
Македонија
Мицкоски: Се воведува системот за е-фактура, а тоа значи крај за фантом фирмите

Се воведува системот за е-фактура, а тоа значи крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.
„Оваа е-фактура како процедура ќе значи да нема фантом фирми коишто 90, 100, 200, 300 милиони евра ќе украдат од Буџетот и од Вас граѓаните, ако добро се применува и се работи во што немам сомневање, така што за да можеме попластично сето тоа да го разбереме можноста да ни се случуваат фантом фирми коишто ќе добиваат поврат на ДДВ и преку ноќ ќе бидат отуѓувани на фантом луѓе повеќе со овој начин на функционирање ќе биде тешко или речиси невозможно“, рече тој.
Мицкоски кажа дека овој процес почнал уште во 2015 година.
„Јас имам некоја меморија дека таму некаде 2015 година се започна овој процес, за нас од нејасни причини зошто тој беше континуирано, како да кажам беше одложуван, но сфативме после некои процеси коишто овој изминат период ги откривме и отвориме зошто бил одложуван. Еве конечно денес после повеќе од 10 години добива почеток и од она што го добивме на брифингот пред оваа прес-конференција е дека првиот кик оф, значи почнувањето со софтвер компанијата за имплементација ќе почнат 1 јули“, рече Мицкоски.
Македонија
ДУИ: Нема да дозволиме Албанците да бидат третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава

Демократската унија за интеграција го осудува најновиот пример на намерна и систематска дискриминација на Албанците во државните и јавните институции.
Само во еден случај, велат од партијата на Ахмети, во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, биле реализирани 19 унапредувања, од кои 18 за Македонци, 1 за Турчин, а ниту едно за Албанец.
Ова, додаваат од ДУИ, е јасен показател за етничка исклученост и повреда на уставниот принцип за правична и соодветна застапеност, како и доказ за континуитетот на дискриминаторските политики што ги спроведува оваа влада.
„Оваа влада секојдневно дејствува како режим на етничка изолација, претворајќи ги јавните институции во ѕидови за Албанците. Наместо еднаквост, се спроведува исклучувачки систем кој унапредува само етнички селектирани лица, ги игнорира албанските професионалци и им ја ускратува можноста за професионален и институционален напредок. Сè започна со неуставното укинување на балансерот од страна на Уставниот суд, со цел да се создадат услови Албанците да бидат третирани како непожелни во државната и јавната администрација“.
Упатуваат апел до сите институции за транспарентност и одговорност и порачуваат дека ДУИ нема да дозволи Албанците да бидат третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава.