Свет
Безбедносните сили на Киргистан и се приклучија на опозицијата
Русија во четвртокот застана зад привремената влада на Киргистан, предводена од поранешната министерка за надворешни работи, Роза Отунбајева и вети хуманитарна и економска помош
Русија во четвртокот застана зад привремената влада на Киргистан, предводена од поранешната министерка за надворешни работи, Роза Отунбајева, јавува агенцијата РИА Новости.Во телефонскиот разговор кој рускиот премиер Владимир Путин го водел со Отунбајева, таа од Москва побарала и добила ветување за хуманитарна и економска помош за Киргистан, соопшти портпаролот на Путин, Дмитри Песков. Претходно, Отунбајева изјави дека привремената влада веќе ги распуштила и владата и парламентот. Привремената влада ќе управува со земјата во наредните шест месеци, по што ќе има избори според новиот Устав, кој во меѓувреме ќе биде променет. Во крвавите судири меѓу демонстрантите и полицијата во изминативе два дена загинаа 74 луѓе, а околу 500 се повредени. Протестите започнаа во вторникот во северозападниот град Талас, по апсењето на десетмина опозицискки лидери и се проширија и на други региони во земјата, вклучувајќи ја и престолнината Бишкик во средата и траеја се до четвртокот. Уапсените лидери беа ослободени во средата, но тоа не ги сопре протестите, во кои беа заземени киргистанската државна телевизија, парламентот и владата. Демонстрантите, исто така, ја запалија и резиденцијата на претседателот Курманбек Бакијев,
Во четвртокот и армијата, граничарите и полицијата на Киргистан и се приклучија на новата влада. Отунбајева, сепак, предупреди дека Бакијев се уште официјално не се откажал од претседателската функција и дека се обидува да организира отпор на југот на земјата, од каде што потекнува и каде што има најсилна поддршка. Според неофицијални информации, тој пребегал во градот Ош, исто така на југот на земјата.Отунбајева додаде и дека опозицијата, која ужива најголема поддршка на северот на земјата, веќе контролира четири од седумте региони на Киргистан.
„Состојбата на Бакијев останува нејасна. Најновите информации велат дека тој се наоѓа во градот Јалал-Абад и дека се обидува да ги организира своите поддржувачи за да продолжат со отпорот“, вели Отунбајева. РИА Новости од жители на градот добила информмации дека таму се одржува собир на поддржувачите на Бакијев, на кој и тој треба да одржи говор.Во меѓувреме, и самиот Бакијев приза дека повеќе не поседува вистинска власт, но сепак одби доброволно да даде оставка како претседател„Објавувам дека, како претседател, нема да се откажам одс воите должности. Во моментов нема можност да влијаам врз ситуацијата во земјава„, изјави тој, но не кажа каде се наоѓа.Поранешниот премиер Феликс Кулов, кој сега ја води опозициската партија „Ар-Наис“, во четвртокот побара од претседателот Бакијев веднаш да поднесе оставка и против него да започне судски процес и повика за донесување на амандмани на Уставот, со кои ќе се ограничат надлежностите на претседателската функција. „Нема сомнеж дека наредбата да се пука во демонстрантите ја дал Бакијев, бидејќи тој ја имаше апсолутната контрола врз безбедносните сили на земјата“, вели Кулов. Привремента влада веднаш ја затвори Агенцијата за развој, инвестиции и иновации, која беше раководена од помладиот син на Бакијев, Максим. Агенцијата ги контролираше сите пари кои во земјата доаѓаа од странство. Затворени се и неколлу банки во сопственост на блиски соработници на Бакијев, наводно со цел да се спречи изнесување на пари од земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Дупка проголта бродови: Вонредна состојба во британска област
Во британската област Шропшир е прогласена вонредна состојба откако во канал кај градот Вичрч се отворила голема дупка, која полицијата ја опиша како понор. Во инцидентот два брода пропаднале во отворот, додека уште два останале опасно да висат на самиот раб, јави Би-Би-Си.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат целосно уривање на дел од пловниот пат, при што водата од каналот речиси целосно истекла. Според информациите, два теснокоритни брода потонале, а уште два останале заглавени на работ од пројавата.
A 50m sinkhole has opened beneath the Whitchurch canal in Shropshire, swallowing narrowboats and forcing more than 10 people to be rescued.
A major incident is declared as crews battle unstable ground and rushing water. #Whitchurch #Shropshire pic.twitter.com/02PIZzlen2
— BPI News (@BPINewsOrg) December 22, 2025
Полиција соопшти дека засега нема информации за повредени лица и ги повика граѓаните да го избегнуваат подрачјето и да користат алтернативни правци.
A 50m sinkhole has opened beneath the Whitchurch canal in Shropshire, swallowing narrowboats and forcing more than 10 people to be rescued.
A major incident is declared as crews battle unstable ground and rushing water. #Whitchurch #Shropshire pic.twitter.com/02PIZzlen2
— BPI News (@BPINewsOrg) December 22, 2025
Локалниот советник во Вичрч, Енди Хол, за Би-Би-Си изјави дека инцидентот се случил околу 5 часот наутро и дека огромна количина вода истекла на блиското поле. Според неговите зборови, дел од жителите помислиле дека станува збор за земјотрес, додека пожарникарите поставиле брана за да се спречи дополнително истекување и потенцијални поплави.
Фото: илустрација, Pexels
Свет
Американски конгресмени се закануваат со тужба поради необјавените досиеја за Епстин
Двајца американски конгресмени се заканија со правни чекори против државната обвинителка Пем Бонди кога Министерството за правда само делумно ги објави документите поврзани со покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин иако законскиот рок истече минатиот петок, пренесе Би-би-си.
Законот за целосна објава на таканаречените Епстинови досиеја беше потпишан во ноември од американскиот претседател Доналд Трамп по притисок од неговите поддржувачи и дел од Републиканската партија. Иако некои од документите беа објавени, многу информации останаа редактирани или нејавно достапни, што предизвика незадоволство кај дел од конгресмените и кај жртвите.
Републиканскиот конгресмен Томас Меси најави можност за поведување постапка за непочитување на Конгресот против Бонди тврдејќи дека Министерството ги крши духот и словото на законот. Тој изјави дека на иницијативата работи заедно со демократскиот конгресмен Рум Хана, кој појасни дека се гради двопартиска поддршка за финансиско казнување на обвинителката за секој ден доцнење.
Од Министерството за правда тврдат дека постапуваат во согласност со законот и дека објавата ќе продолжи во наредните недели. Заменикот на Бонди, Тод Бланш, изјави дека станува збор за повеќе од милион страници документи, од кои голем дел содржат чувствителни информации за жртвите.
Демократскиот сенатор Тим Кејн оцени дека евентуална постапка за непочитување на Конгресот или импичмент би била прерана и дека постојат други законски механизми за притисок.
Свет
Тајланд и Камбоџа најавија нови преговори за прекин на огнот
Тајланд и Камбоџа најавија нови преговори за прекин на огнот откога смртоносните погранични судири влегоа во третата недела. Средбата на официјални претставници е најавена за следната недела со цел да се постигне траен прекин на борбите, пренесе Би-би-си.
Според тајландскиот министер за надворешни работи, Сихасак Фуангкеткеов, претходното примирје од јули било избрзано бидејќи САД инсистирале договорот да биде потпишан пред посетата на тогашниот американски претседател Доналд Трамп. Тој најави дека воените претставници на двете земји ќе се сретнат на 24 декември пред евентуален нов договор. Камбоџа засега не се огласи.
Во обновените борби, кои вклучуваат артилериски напади и воздушни удари по должината на границата долга речиси 800 километри, загинале најмалку 41 лице, а приближно 900.000 луѓе биле раселени од двете страни на границата.
Ескалацијата предизвика загриженост и во регионот, при што на состанок на АСЕАН беше повикано на итно смирување на состојбата. Во посредувањето се вклучени и САД и Кина.
Судирите меѓу Тајланд и Камбоџа траат повеќе од еден век, а последното примирје, постигнато по посредството на Малезија и САД, се распадна на почетокот на декември по што двете страни меѓусебно се обвинија за ново разгорување на борбите.

