Контакт

Црна хроника

Поднесени кривични пријави против 13 лица во акцијата „Гора“

Објавено пред

СВР Скопје во текот на минатиот месец, постапувајќи во рамките на опартивната акција “Гора“ за спречување на нелегална сеча и трговија со огровно дрво  до надлежното обвинителство поднесе осум кривични пријави со кои се опфатени 13 лица, а за сторени 15 кривични дела.

dobivaj vesti na viber

 

 

Меѓудругото, поднесени се пријави за кривичните дела “кражба“, “фалсификување или уништување деловни книги“, “злоупотреба на службена положба и овластување“ како и  “прикривање“, “помагање“ в.в. “злоупотреба на службена положба и овластување“ “фалсификување службена исправа“ и “помагање“ в.в. “кражба“.

 

Имено, кривично се пријавени лицата С.Ш. (33), Р.Ш. (19) од Скопје за сторено кривично дело “фалсификување или уништување деловни книги“, кои едниот во својство на сопственик и управител на правното лице “ФАТОНШПЕД КОМЕРЦ ДООЕЛ увоз-извоз Блаце, Чучер Сандево-Скопје“ а вториот како возач во истото, внеле невистинити податоци за испорака на огревни дрва и со таквата испратница заверена со потпис и печат со ТМВ „Мерцедес“ пренеле седум метри кубни дрва наводен купувач во скопски Чаир. Од страна на шумска полиција извршена е контрола и мерење на дрвната маса (седум м3 недоволно жигосани дрва), одземено е ТМВ и дрвата.

 

Во вториот случај кривично пријавен се лицата Н.Д. (70) и Д.Д. (45) од село Миладиновци, за кривично дело “кражба“ бидејќи бесправно од туѓа шума исекле и подготвиле за транспрт 2,4 м3 огревно дрво, причинувајќи штета од од 16.800 денари.

 

Исто така кривично пријавено е и лицето Џ.А. (31)) од Скопје за кривично дело “кражба“. Пријавениот  во атарот на с.Драчевица, м.в.„Рупе“ од туѓа шума бесправно исекол дабови дрвја и габер во количина од 1,5 м3 и иако знаел дека не поседува одобрение за сеча, испратница за транспорт и дека истите не се жигосани со јасно видлив шумски жиг, ги натоварил на коњи и се упатил кон ул.„Првомајска“ кон с.Усје со намера да ги продаде, предизвикувајќи штета од 10.500 денари.

 

Потоа во четвртиот случај кривично е пријавен Б.П. (41) од Скопје, за сторени две дела, “злоупотреба на службената положба и овластување“ и “злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот како раководител на ШСЕ „Патишка Река“ во ЈП „Македонски шуми“ – ПШС „Караџица“ – Скопје, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување во повеќе наврати врз основа на поднесени и од него одобрени барања издал дозволи за сеча на дрвна маса во државна нискостеблеста шума во количини поголеми од 10 м/3, со што овозможил на 18 физички лица – баратели да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 129.380 денари, за кој износ го оштетил ЈП „Македонски шуми“ – Скопје. Воедно, иако знаел дека одобренија за сеча на дрвна маса се издаваат само и исклучиво врз основа на поднесување на барање лично од физичкото лице – барател со утврдување на неговиот идентитет врз основа на лична карта или друг документ за идентификација, тој одобрувал барања и издавал одобренија и дозволи за сеча на дрвна маса на физички лица користејќи туѓи лични податоци без согласност и знаење на граѓанинот чии податоци се искористени.

 

Во петиот случај кривично е пријавено лицето Д.В. (69) од Скопје, за кривично дело “прикривање“. Пријавената од непознато лице купила огревни дрвја даб во количина од 2 м3 по цена од 1.500 денари по кубик иако знаела дека дрвјата не биле жигосани со јасно видлив шумски жиг, дека не и биле испорачани со испратница издадена од страна на продавачот на нејзино име, а цената по која и биле продадени била многу пониска од реалната продажна цена на пазарот.

 

Во шестиот случај поднесена е кривична пријава против две лица од Скопје, Ј.Ч. (38) за “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “фалсификување службена исправа“ и А.Д. (31) за “помагање“. Првопријавениот како раководител на ШСЕ “Маркова Река“ во ПШС Караџица Скопје при ЈП Македонски шуми – Скопје злоупотребувајќија својата службена положба и овластување по претходен договор со второпријавениот кој на непознат начин обезбедил фотокопија од лична карта од некое лице од с.Морани, искористувајќи ги неговите лични податоци без негово знаење, во негово име во ПШС Караџица поднел Барање за обезбедување со шумски сортименти за сопствени потреби од страна на физички лица во државна нискостеблеста шума за дрвен вид и сортимен 10 м3 отпад после сеча кон кое ја приложил фотокопијата од личната карта на лицето. Првопријавениот барањето го завел и го заверил со штембил на ЈП Македонски шуми – ПШС Караџица го одобрил со свој потпис и одобрил издавање на дозвола за сеча на име на лицето без негово знаење. По ова одобрението го дал на А.Д. којизвршил уплата на предвидениот износ од 9.000 денари согласно ценовникот на ЈП Македонски шуми. Наместо ова А.Д. отсекол 4 м3  квалитетно сурово огревно дрво бука и даб и само 1.5 м3 отпад после сеча. Со овие активности Ј.Ч му овозможил на А.Д. да се стеркне со речиси 12.000 денари противправна имотна косирт а притоа нанесувајќи штета за ЈП Македонски шуми-ПШС Караџица за износ од 28.000 денари.

 

Потоа во седмиот случај поднесена е кривична пријава против Р.С. (54) од Скопје, за кривично дело – “кражба“. Пријавениот во два наврати од парк шумата Водно, од м.в. “под Рамниште“ извршил бесправна сеча на дрва и одзел 0,49 м3 дрво бор и 7,3 м3 дабово и габерово дрво, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 53.640 денари.

И во последниот случај кривично се пријавени три лица од Скопје, А.А. (54) за кривично дело “кражба“, Е.Џ. (18) и М.Џ. (18) за кривично дело “помагање“.  Пријавените од парк шумата Водно, од м.в. „Шумјак“ извршиле бесправна сеча на дрва и одзеле 5 м3 дрво (даб и габер), стекнувајќи се со противправна имотна корист од 35.050 денари. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

„Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка.

Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал вербална расправија, а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удрил во пределот на главата.

Жртвата се повлекла во спалната соба од станот, каде осомничениот насилно ја турнал на креветот, го зел нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на подот, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и телото и нанел телесни повреди – контузија и хематоми.

Јавниот обвинител го имаше предвид фактот дека жртвата претходно го имала пријавено осомничениот за семејно насилство, но потоа го повлекла предлогот за кривично гонење. Затоа, заради обезбедување на присуството на осомничениот во текот на кривичната постапката и особено заради заштита од понатамошни насилни однесувања кон оштетената, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, стои во соопштението на Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Истрага за полов напад и уцена на девојче во липковско

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за 2 лица за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 2 во врска со став 1, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело – Уцена согласно став 259 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

„Првоосомничениот, спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со второосомничениот.

Потоа жртвата ја уценувал дека наводно ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати 20.000 евра.

Девојчето било принудено да зема пари од дома без знаење на родителите и да позајмува од други лица, па во повеќе наврати му ги давала парите на првоосомничениот.

Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени кои се лишени од слобода.

Основното јавно обвинителство Куманово продолжува да презема истражни дејствија“, стои во соопштението на Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Топ

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека уште две лица се осомничени дека му помогнале по извршувањето на кривичното дело, информираат од Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

„Осомничениот 18-годишник на 9 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај така што го довел во опасност животот на луѓето.

По улицата “Народен Фронт” управувал автомобил “Фолскваген пасат’’ и со возилото извршил дејствие на непрописно поместување во лево, на коловозната лента наменета за сообраќај од спротивната лента, без притоа да се увери дека тоа може да го стори без опасност по другите учесници во сообраќајот, со брзина на движење на возилото неприспособена спрема својства, состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.

Освен тоа, автомобилот го управувал без да поседува важечка возачка дозвола.

При такви услови со возилото удрил во телото на оштетената Љуба Јаковлеска, која како пешак попречно го поминувала коловозот. Од ударот и падот на коловозот жената се здобила со тешки телесни повреди, а осомничениот без да и укаже помош веднаш го напуштил местото на настанот. Жртвата била префрлена во Ургентниот центар каде и покрај укажаната медицинска помош починала.

Другите двајца осомничени, маж и жена, му помогнале на осомничениот за предизвикување на сообраќајната несреќа да ја напушти државата, пренесувајќи го со својот автомобил преку граничниот премин Табановце.

Тие се лишени од слобода по враќањето во земјава и за нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Притворска мерка е побарана и за осомничениот возач кој е во бегство и за него притворот ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази и определениот притвор, по него ќе биде распишана и меѓународна потерница со цел негово обезбедување“, стои во соопштението на Основното јавно обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 час

Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466

Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на...

Македонија7 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет8 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет8 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет8 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет8 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет9 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија21 час

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија23 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...