Македонија
Екс директорот на кумановската болница ги натплаќал волонтерите

Поранешен директор на ЈЗУ „Општа болница“-Куманово заработи кривична пријава поради исплата на поголеми средства на волонтери, со што ја оштетил
Поранешен директор на ЈЗУ „Општа болница“-Куманово заработи кривична пријава поради исплата на поголеми средства на волонтери, со што ја оштетил болницата за околу 13.000 евра.
Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, 32-годишниот Ј.С. во периодот од септември 2008 до февруари 2009 година, во шест наврати спротивно на Законот за волонтерство, на волонтери во болницата им исплатил повисок надомест храна и превоз во износ од 455.147 денари.
По исплатата, иако немал обврска, уплатил персонален данок во износ од 248.300 денари и ја оштетил болницата во износ од 703.447 денари.
Екс директорот во октомври 2008 година, спротивно на одлуката за јавна набавка, самоиницијативно спровел постапка за набавка на двојазични натписи-табли од фирмата „Неондесинг“-Скопје во износ од 95.325 денари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од населбата Драчево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Драчево.
Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Маркова Река во населба Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без струја.
Македонија
Сончево и ветровито време, температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.