Економија
Оглас за закуп на 37.5 хектари државно земјоделско земјиште во кавадаречко
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во четврток објави јавен оглас за давање во закуп на 37.5 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост во кавадаречкиот регион.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.
Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност.
Услов за да учествиваат на огласот за странските правни лица е да имаат регистрирано подружници во Република Македонија.
И на домашните и на странските правни лица или нивните подружници, земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им биде претежна дејност или земјоделското земјиште да им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности.
Станува збор за таканаречен комерцијален оглас во кој изборот на најповолен понудувач ќе врши врз основа на висината на понудената годишна закупнина за хектар и доставениот бизнис план за користење на државното земјоделско земјиште за правно лице, односно програма за користење на земјиштето за физичките лица.
Заинтересираните субјекти потребно е да обезбедат и минимална материјално-техничката опременост и соодветен број на планирани вработувања.
За огласените површини со овој оглас, за аплицирање за површина до 50 хектари, заинтересираните физички лица и домашни и странски правни лица потребно е да располагаат со најмалку еден трактор од лесна категорија и да имаат планирано вработување на најмалку едно лице. За површина до 100 хекатри услов е заинтересираните да распполагаат до најмалку два трактора од лесна категорија или најмалку еден од средна категорија, како и да планираат вработување на најмалку две лица во редовен работен однос.
Најмалку четири трактори од лесна категорија, минимум два од средна и најмалку еден трактор од тешка категорија треба да имаат заинтересираните субјекти кои по овој оглас ќе аплицираат за добивање во закуп на државно земјоделско земјиште до 150 хектари. Услов за овие заинтересирани субјекти е и да имаат планирано вработување на најмалку четири лица и тоа во редовен работен однос.
За површина поголема од 150 хектари, бројот на механизацијата сразмерно се зголемува со големаината на површината која се обработува. На секои 50 хектари заинтерсираните субјекти потребно е да планираат вработување по едно лице.
Почетната цена за закуп по хектар во постапка по овој јавен оглас се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето и таа изнесува 25 евра во денарска противредност за земјоделско земјиште од 1 до 4 катастарска класа и 15 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од 5 до 8 катастарска класа. Почетната цена на земјоделското земјиште кое се наоѓа во планински подрачја, за земјиште од 1 до 4 катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од 5 до 8 класа е 5 евра за хектар.
Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето за подигање на маслинарници е за период до 50 години, за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за вршење на спортско-рекреативни активности и рурален туризам. До дваесет години е времетраењето на закупот на државното земјоделско земјиште за рибници, а до 15 години за одгледување на други земјоделски култури и за ливади.
Увид во податоците за земјоделско земјиште од овој јавен оглас, за секоја површина одделно може да се направи на огласната табла во подрачната единица на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во Кавадарци.
Заинтересираните физички и правни лица за добивање на државно земјоделско земјиште во закуп кое е опфатено со овој оглас понудите до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Скопје, можат да ги поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат. Образецот за учество на јавниот оглас (понуда), може да се подигне во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кавадарци.
За дополнителни информации заинтересираните физички и правни лица можат да се јават во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат интернет страницата на Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.mzsv.gov.mk. .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

