Свет
Мубарак има богатство од 70 милијарди долари?!
Повеќе аналитичари за Блискиот Исток проценуваат дека богатството на семејството на египетскиот претседател Хосни Мубарак и на пошироката фамилија може да изнесува и до 70 милијарди долари
Професорот по блискоисточна политика на Универзитетот Дурам, Кристофер Давидсон, смета дека Хосни Мубарак, неговата сопруга Сузана и двата сина Гамал и Алаа можеле да дојдат до толкаво богатство низ многуте бизнис партнерства со странските инвеститори и компании.Наводно голем дел од богатството на Мубарак е депонирано во бртиански и швајцарски банки и е инвестирано во недвижнините коишто ги поседува во Лондон, Њујорк и Лос Анџелес, како и на атрактивни локации на брегот на Црвеното Море, По трите децении минати на претседателската функција и уште неколкуте години претходно минати на висока воена позиција, Мубарак имал пристап до многу инвестициски договори кои на неговите банкарски конта донеле огромни суми, сметаат финансиските и политичките аналитичари.Според написот на арапскиот весник Al Khabar, египетскиот претседател има станови на њујоршки Менхетен, и куќи во ексклузивната област Роде Драјв на Беверли Хилс. Се смета дека доларски милијардери се и неговите синови.Професорката по политикологија од универзитетот Принстон, Аманеи Џамал, изјави дека богатството на Мубарак што го проценува на 40 до 70 милијарди долари е споредливо со богатството на другите водачи од регионот. „Деловните потфати од неговата воена или политичка кариера се пренесоа на неговото лично богатство“, вели професорката Џамал за американската телевизиска мрежа АBC, додавајќи дека режимите од регионот се карактеризираат со голема корупција и користење на изворите на јавните приходи за лично богатење. Во контекстот на богатстовото што го поседуваат долгогодишните политички водачи во регионот, на удар е и соборениот туниски претседател Зин ел-Абидин бин-Али. Како што јави Associated Press во петокот, Европската унијадонела одлука да го замрзне имотот на бин-Али и на уште 46 негови блиски соработници и роднини. Ваквата одлука е донесена по консултациите со новите туниски власти, изјавил за агенцијата извор од ЕУ, кој сакал да остане анонимен. Се верува дека вредноста на имотот што би можел да биде запленет изнесува повеќе милиони долари.Претходно и властите во Швајцарија одлучија да ги замрзнат на три години сите сметки на поранешниот претседател на Тунис, а исто така и да воведат забрана за продажба на недвижниот имот шти бен Али и семејството го поседуваат во Швајцарија. ЕУ претходно најави дека ќе примени санкции кон поранешниот претседател на Тунис и неговата сопруга.Властите во Тунис издадоа меѓународна потерница по бин-Али, обвинувајќи го дека изнел поголемо количество пари од земјата. Престедателот бин-Али кој беше непрекинато на власт во Тунис цели 23 години, и неговото семејство во кое се неколку од најголемите туниски бизнисмени, поседува огромно богатство и имот низ целиот свет.Покрај тоа, според некои информации, бегајќи од земјата по бранот демонстрации, бин-Али изнесол од Тунис околу десет милијарди евра. Неговата сопруга, која претходно избега во странство, зела 1,5 тони на злато од Централната банка.Поранешниот претседател ја напушти земјата по бранот демонстрации на кои се бараше негова смена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Секој Евреин што ќе гласа за Мамдани е глупав човек
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Евреите во Њујорк да не гласаат за кандидатот на левото крило на Демократската партија, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „докажан мразител на Евреите“.
„Секој Евреин што ќе гласа за Зохран Мамдани е глупaв човек!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, обвинувајќи го 34-годишниот кандидат дека „ги мрази Евреите“. Мамдани, муслимански демократски социјалист роден во Уганда, е познат поддржувач на палестинската кауза и застапник на кампањата за бојкот и санкции против Израел.
Во обид да ги смири реакциите, Мамдани во последните месеци јавно се изјаснува против антисемитизмот. Тој води во анкетите со 41 отсто поддршка, пред поранешниот гувернер Ендру Куомо, кој има 34 отсто и ја има поддршката на Трамп.
Трамп претходно се закани дека ќе му ги ускрати федералните средства на Њујорк ако Мамдани победи на изборите за градоначалник.
Свет
Глобалното затоплување ќе ја надмине границата од 1,5 степени, предупредува ОН
Светот нема да го исполни климатскиот цел од ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, соопшти Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP). Според годишниот извештај, поради недоволните мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, глобалната температура во следната деценија ќе ја надмине целта утврдена со Парискиот договор од 2015 година.
UNEP предупредува дека сегашните политики водат кон раст на температурите од 2,3 до 2,5 степени, што ќе биде „тешко да се преобрати“. Иако е постигнат напредок во однос на пред десет години – кога прогнозите укажуваа на пораст до четири степени – емисиите и понатаму растат, бидејќи земјите се потпираат на јаглен, нафта и гас за производство на енергија.
Овие податоци, според агенцијата, дополнително ќе го засилат притисокот пред климатскиот самит COP30, на кој државите ќе разговараат за побрзо финансирање на мерките за ублажување на глобалното затоплување.
Свет
Германија им нуди пари на Авганистанците ако се откажат од доаѓање во земјата
Германската влада им понудила финансиска надомест на Авганистанците кои имаат одобрение за прием во Германија, доколку доброволно се откажат од тоа одобрение за влез во земјата.
Според документот на Германското друштво за меѓународна соработка, понудата се однесува на околу 660 лица кои сега се во Пакистан. Поединци што ќе прифатат, ќе добијат еднократна исплата — 1500 евра во Пакистан и дополнителни 5000 евра како „помош за нов почеток“, но со тоа ќе се откажат од сите идни побарувања кон германската влада.
Министерството за внатрешни работи објаснило дека не може да гарантира навремен завршеток на програмата за прием поради административни пречки и рокови што ги поставила пакистанската влада.
Хуманитарни организации ја осудија понудата, нарекувајќи ја „лоша“ и „недоволна“. Според нив, износот не го покрива ниту дел од трошоците што бегалците веќе ги направиле, а враќањето во Авганистан би значело ризик за нивниот живот под талибанскиот режим.
Во меѓувреме, неколку авганистански семејства што поднеле тужби против германската држава успеале да добијат дозвола за влез и пристигнале во Хановер.

