Македонија
???????? ?????????? ?? ???? ?????????? ?? ??????
Непознати разбојници синоќа ограбиле продавница на Нико компјутери во Битола, соопштуваат од МВР. Украле девет лап топ компјутери, во вредност од 250.000 денари.
Непознати разбојници синоќа ограбиле продавница на Нико компјутери во Битола, соопштуваат од МВР. Украле девет лап топ компјутери, во вредност од 250.000 денари.
Разбојниците го скршиле стаклото од излогот на продавницата и влегле внатре. Ги украле компјутерите и избегале.
Се уште не е утврдено кога точно се случила кражбата и колкумина учествувале во неа. Полицијата работи на расветлување на случајот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Скопје повторно руши рекорди, се најде на прво место во Европа по загаденост
Скопје се најде на седмо место на листата најзагадени градови во светот а прво во Европа, со индекс на загаденост од 164, покажаа податоците од платформата IQAir.
По општини, најзагадено утрово е во Центар со индекс на загадување од 196, потоа следуваат Лисиче, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба, Ректорат, Кисела Вода.
Мерењата покажуваат дека ПМ2,5 честичките утрово се застапени во воздухот со 85 микрограми на метар кубен, што, пак, е повеќе од 17 пати над дозволената горна граница која е утврдена од страна на Светската здравствена организација (СЗО). Високо е нивото и на ПМ10 честичките, а мерењата утрово покажуваат присуство на 131,4 микрограми на метар кубен.
Македонија
ДУИ: Мицкоски вчера го откри планот за деградирање на албанскиот јазик, нема да дозволиме
Вчерашната изјава на премиерот јасно го откри неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик, враќајќи една застарена и неприфатлива формула, како што беше во Законот од 2008 година, каде албанскиот јазик се користеше само на барање на Албанците и преку пополнување на посебни формулари, велат од ДУИ.
Ова, според ДУИ, е отворен обид за укинување на албанскиот јазик загарантиран со Уставот и со Законот за употреба на јазиците од 2018 година, кој го постави албанскиот јазик како службен во сите централни институции.
„Сега е јасно дека владата не ја признава оваа реалност и се подготвува да го укине овој закон преку Уставниот суд.
За ДУИ, ова е неприфатлив потег, и нема да дозволиме албанскиот јазик да биде сведен на секундарен статус или да биде условен од бирократија или политичка волја на поединци. Ќе ги искористиме сите политички, правни и демократски средства за да се спротивставиме на овој регресивен чекор и да го одбраниме статусот на албанскиот јазик.
Ги повикуваме сите Албанци да бидат свесни за опасноста што му се заканува на албанскиот јазик и да останат обединети против овој обид за деградирање на правно политичкиот статус на Албанците“ порачаа од ДУИ.
Македонија
Мостот кај Башино Село затворен за сообраќај
Мостот на реката Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15 ноември лани е затворен за сообраќај за сите видови возила.