Македонија
Алфите за еден месец легитимирале 998 лица
Посебната мобилна единица на полицијата за борба против криминалот “алфа“ во текот на минатиот месец при вршење на редовна контрола извршила легитимирање на 998 лица, преглед на 268 автомобили, а по разни основи приведени се вкупно 288 лица.
Посебната мобилна единица на полицијата за борба против криминалот “алфа“ во текот на минатиот месец при вршење на редовна контрола извршила легитимирање на 998 лица, преглед на 268 автомобили, а по разни основи приведени се вкупно 288 лица.
Алфите за учество во тепачка привеле десетмина, а двајца за физички напад. Едно лице било однесено во станица оти навредувало полицаец, а седуммина биле приведени оти се занимавале со комар или проституција. Било запленето и оружје и тоа гасен пиштол , обичен пиштол и сигнален.
Алфите успеале да фатат и 19 лица кои поседувале дроги и тоа марихуана, прашкасти материи и течна дрога. Алфите учествувале и во асистенции на претреси на дом и други простории и биле пронајдени пиштоли ловна пушка марихуана и огревни дрва.
Исто така алфите учествувале во асистенција на пазарната инспекција , спровод до Судска медицина , физичко обезбедување на спортски натпревар. Крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општините Гази Баба и Сарај денеска без струја
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Гази Баба и Сарај.
– Во период од 08:30 – 09:300 часот, струја ќе немаат корисниците на улица Лазар Поптрајков зграда бр. 25 во општина Гази Баба.
– Во период од 08:30 – 13:30 часот, корисниците на дел од село Кондово во општина Сарај ќе останат без електрична енергија.
Македонија
Сончево време со услови за пороен дожд попладне
Времето денес ќе биде променливо облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Од четврток до сабота ќе преовладува сончево и топло време. Промена на времето со локални врнежи од дожд, наместа пообилни и пад на дневната температура се очекува од недела.
Македонија
Земјотрес во Скопје
Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје.
Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Длабочината на потресот, според информациите од ЕМСЦ е 6 километри.