Македонија
ЗНМ бара да се открие лицето кое нареди да се исфрлат новинарите
Здружението на новинари на Македонија поднесе претставка до внатрешната контрола на МВР и бараат да се открие лицето кое нареди да се користи сила против новинарите кои беа насилно исфрелни од собраниската галерија.
„Денеска доставивме претставка до МВР со која бараме од МВР да го открие идентитетот на лицето кое нареди да се користи сила против новинарите во Македонија без никаков основ и секако инсистираме да се отвори постапка и да се санкционира. Исто така слична постапка бараме и за лицата припадниците на обезбедувањето коишто беа вмешани во користењето на насилство врз новинарите. Веруваме дека во МВР,најголем број од полицајците се професионалци и ќе го препознаат ова непрофесионално однесување на нивните колеги . Очекуваме да се дистанцираат од нив и да се санкционираат . Штета е направена, сега на потег се институциите да го спасат нивниот образ и образот на земјата пред светот “ изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Во понеделник на собраниската седница за донесување на буџетот, новинарите беа насилно исфрлени од собраниската галерија. Потоа беше исфрлена и опозицијата која претходно ја имаше запоседната собранската говорница. Мнозинството потоа го изгласа буџетот за 2013 година. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

