Свет
Бројот на загинатите во експлозијата во Пакистан се искачи на 26
Најмалку 26 лица загинале а 60-ина се ранети во експлозијата во саботата наутро во пакистанскиот град Ланди Котал, пренесува Reuters, цитирајќи извори од болниците во кои биле пренесени мртвите и повредените.
Претходно, претставници на градските медицински служби соопштија дека билансот на жртвите од експлозијата во Ланди Котал изнесува 15 загинати и 35 ранети.
Бомбата, скриена во автомобил, била активирана на главниот пазар во центарот на градот, потврди за агенцијата портпаролот на локалната власт, Халид Мумтаз.
Според него, во експлозијата биле уништени неколку продавници во комерцијалниот дел од пазарот, од автомобилот во кој бил поставен експлозивот речиси ништо не останало, а уништени биле уште неколку автомобили паркирани во близината.
Повеќето од загинатите и повредените биле продавачи на овошје и зеленчук, потврдил претставникот на медицинските установи во градот.
Иако ниедна од терористичките групи активни во областа досега не ја презеде одговорноста за експлозијата, локалните власти сметаат дека извршители на нападот се припадниците на радикалното исламистичко движење Талибан, коишто се активни во северозападните покраини на Пакистан. Градот Ланди Котал е административен центар на племенскиот регион Хајбер на границата со Авганистан./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.
Свет
(Видео) Пожар во трговски центар во Пакистан, 6 лица загинаа, 11 се повредени
Во голем пожар што зафати трговски центар во центарот на Карачи, најголемиот град во Пакистан, загинаа шест лица, а 11 се повредени, објави „Ројтерс“. Пожарот избувнал во саботата навечер во трговскиот центар „Гул Плаза“, по што брзо се проширил од приземјето кон горните катови и ја зафатил речиси целата зграда.
Противпожарните екипи интервенирале во текот на ноќта за да го спречат ширењето на огнот во густо населената деловна зона. Во меѓувреме, стотици луѓе се собрале околу објектот, меѓу нив и сопственици на уништени продавници.
#WATCH | A massive fire breaks out at Gul Plaza, a multi-storey shopping mall in central Karachi, killing at least three people and injuring more than 20.#GulPlaza #Karachi #Fire #Accident #Shoppingmall pic.twitter.com/PX7yvGMcUi
— The Federal (@TheFederal_News) January 18, 2026
Од цивилната болница во Карачи соопштија дека се примени шест тела и 11 повредени лица, а полицијата ги активирала протоколите за масовни катастрофи. Локалните медиуми јавуваат дека делови од зградата почнале да се уриваат и постои страв од целосно рушење на конструкцијата.
Свет
(Видео) Париското обвинителство отвори истрага по падот на спратот за време на забавата во Париз, едно лице потешко повредено
Во текот на ноќта во Париз се урна кат од зграда на кој се одржувала забава со присуство на педесетина лица. Во инцидентот се повредени 20 лица, од кои едно потешко, јави „Ле Монд“.
Париското државно обвинителство потврди во неделата наутро за агенцијата Франс-прес (АФП) дека е покрената истрага за причините на несреќата. Според последните информации од противпожарната служба, 14 лица се здобиле со полесни повреди, додека едно лице е потешко повредено и пренесено во болница. Обвинителството соопшти дека е отворена истрага за околностите на повредите и дека увидот е во тек.
PARIS : 20 personnes ont été blessées, dont une grièvement, après l’effondrement d’un étage d’immeuble lors d’une soirée où étaient réunies une cinquantaine de personnes dans un appartement rue Amelot, dans le 11ᵉ arrondissement. (AFP / Actu17)pic.twitter.com/lg3SJyBQsn
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) January 18, 2026
Пожарникарите ја примиле пријавата малку по полноќ, откако кат од зградата на улицата „Амело“ во 11. париски арондисман се урнал врз станот под него. Првичните наоди укажуваат дека причината за уривањето е „структурална“, а не е поврзана со истекување гас.
Во интервенцијата учествувале околу 125 пожарникари со четириесетина возила, како и бројни екипи на итна медицинска помош. Улицата во неделата наутро повторно била отворена за сообраќај.

