Спорт
Пике: Ибрахимович е идеален играч за Барса
Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике упати пофални зборови кон новото засилувања на клубот, Златан Ибрахимович и вели дека напаѓачот е идеален фудбалер за Барса
Како дефанзивец, Пике рече дека дуел против играч од типот на Ибрахимович е ’секогаш компициран бидејќи тој одлично ја гради топката и тешко е да се предвиди каков потег ќе направи’.Пике исто така говореше за новата сезона и повторувањето на успехот од минатата кога тие ја освоија тројната круна.“Други тимови како Реал Мадрид се засилија многу добро но со одличните инвестиции ние остануваме фаворити.”Во новата сезона Барса ќе се бори за шест трофеи (Шпанскиот Суперкуп, Европскиот Суперкуп, Светскиот Клубски Шампионат, како и Ла Лига, Копа Дел Реј и Лигата на Шампионите) и Пике вели дека најдобро е тие да одат черкор по чекор и најважно е да имаат добар старт со триумф во Шпанскиот Суперкуп.Но Пике најмногу е привлечен од ’можноста да се триумфира во Лигата на Шамионите на Сантијаго Бернабе, кое ќе биде многу посебно нешто и остварување на сонот.’
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пропадна трансферот на Матета во Јувентус
Жан-Филип Матета е бесен на Кристал Палас, откако пропадна неговиот потенцијален трансфер во Јувентус.
Напаѓачот, односно неговиот менаџер, лесно постигнал договор со Јувентус околу платата, но Кристал Палас не успеа да се договори за обештетување со Јувентус. Клубот од Лондон бараше Јувентус веднаш да го исплати трансферот, додека италијанскиот клуб понуди позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната.
И покрај тоа што му пропадна трансерот, не значи дека Матета дека ќе остане во Кристал Палас.
Астон Вила продолжува да покажува интерес за Матета и како што сега стојат работите од Бирмингем се подготвени да ја платата сумата што ја бара Кристал Палас.
За Матета, клубот од Лондон бара 35 милиони фунти (околу 40 милиони евра / 47 милиони долари).
Foto/ depositphotos
Спорт
Словенија доби нов селектор
Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Словенија (ФСС) го потврди Боштјан Цесар за нов селектор на репрезентацијата.
Со 102 натпревари, Цесар го држи рекордот по број на настапи за словенечката репрезентација и беше капитен многу години.
Тој играше на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, кога беше дел од генерацијата што ја однесе Словенија на Светското првенство по втор пат во историјата.
Поголемиот дел од својата клупска кариера го помина во Киев, каде што одигра 247 натпревари и постигна девет гола за десет години. Играше и за Марсеј, Гренобл и Вест Бромвич Албион.
По завршувањето на кариерата, се посвети на тренерската работа,ја водеше репрезентацијата до 19 години, а во јануари 2022 година се приклучи на стручниот штаб на сениорската репрезентација, како прв асистент на Матјаж Кек.
Тој беше член на тренерскиот штаб кога тимот го постигна својот најголем успех со пласманот во четвртфиналето на Европското првенство во Германија во 2024 година.
Во отсуство на Кек, тој ја предводеше Словенија до серија од пет натпревари без пораз, вклучувајќи го и пријателскиот натпревар од 2:0 против Португалија.
Фудбалскиот сојуз на Словенија не го продолжи договорот со Кек, чиј втор мандат истече минатиот декември.
Спорт
Гвардиола. Ништо не ни оди
Манчестер Сити е сè уште во криза бидејќи по поразот во градското дерби против Јунајтед, загубија и од Бодо/Глимт во Лигата на шампионите. „граѓаните“ на северот на Норвешка доживеаја шокантен пораз 3:1.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, тврди дека повредите и разните отсуства се проблем за неговиот тим. Тоа е факторот што го прави Сити неспособен да игра како што треба. Јошко Гвардиол, Матеуш Нуњеш, Рубен Дијаш, Џон Стоунс, Матео Ковачиќ, Оскар Боб, Савињо, Нико Гонзалез се повредени.
„Против Манчестер Јунајтед бевме разнесени, но не и денес. Сепак, кога ги немаме Савињо и Доку како крила… Проблемот е што немаме девет важни играчи кои ни ја даваат таа конзистентност. Боде/Глимт беа добро организирани, со формацијата 4-4-2 беа блиску еден до друг, тогаш мора да играте преку крилата, а немавме крила кои би можеле да играат еден на еден со нив… Затоа имавме проблеми, но генерално играа како традиционален тим, како што играат екипите од северот на Европа“, рече Гвардиола.
„Сè почна да оди против нас од Нова Година. Знам колку добар тим се, играа полуфинале во Лига на Европа минатата година… Имаа свој план, а ние дојдовме без некои важни играчи, оное кои ни даваат конзистентност“, додаде шпанскиот стручњак.
Сити моментално е седум бода зад Арсенал во Премиер лигата, а во следната рунда ќе игра против Вулверхемптон, кој е убедливо најлошиот тим во лигата. Во Лигата на шампионите, следниот ривал е Галатасарај.
„Мора да се вратиме на победите. Резултатите не се добри во Премиер лигата. Мора да продолжиме понатаму, ни следуваат Вулверхемптон и Галатасарај. Чувството е дека ништо не оди како што треба. Како сè да оди против нас, ќе се обидеме да го промениме тоа.“
Foto/ depositphotos

