Црна хроника
Полицијата ги бара лицата кои ја нападнале Ивона Талевска

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите кои ја нападнале уредничката на дневниот весник вечер и уредничка во телевизијата Сител, Ивона Талевска.
Талевска пријавила во полиција дека во средата околу 21.30 часот додека со нејзините колеги камермани известувале за протестите пред Влада и Собрани, додека се движеле од Порта Македонија по улица Максим Горки кон службениот автомобил, биле навредувани од поголема група младинци кои и се заканувале на Талевска.Новинарката и снимателите влегле во возилото, а групата од 10-15 лица почнале да удираат по возилото при што од удар на совозачкото стакло, каде седела Талевска, се разлетале парчиња и Талевска и нанеле повреди во пределот на носот, рацете и нозете. Лицата по настанот избегале во непознат правец, а на Талевска и е укажана лекарска помош во Ургентен центар./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци.
Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста и „полов напад и силување”.
Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата.
Црна хроника
Приведени двајца скопјани, криумчареле мигрант од Турција

Вчера во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје.
При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У.(22), илегален мигрант од Турција.
Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П. и Б.М.Р., двете од Италија.
При гранични проверки и контрола во возилото „рено“ со италијански национални ознаки, кое го управувала Џ.П., а сопатник била Б.М.Р., во личниот багаж на Џ.П. пронајдени се 186 семки од растението канабис, хемиска материја ЛСД, тврда кафеава материја и кесичка со суви печурки. Додека, во багажот на Б.М.Р. е пронајдена марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.