Контакт

Економија

Фед ги разочара вложувачите на Волстрит, пад на цените на акциите

Објавено пред

Во вторникот на Волстрит беше забележан пад на цените на акциите, втор ден по ред, откако американската централна банка предупреди дека нестабилноста на финансиските пазари може да му наштети на американското стопанство, а и покрај тоа не најави нови поттикнувачки мерки.

dobivaj vesti na viber

Во вторникот на Волстрит беше забележан пад на цените на акциите, втор ден по ред, откако американската централна банка предупреди дека нестабилноста на финансиските пазари може да му наштети на американското стопанство, а и покрај тоа не најави нови поттикнувачки мерки.Индексот Dow Jones ослаби за 0.55 отсто на 11.954 поени, додека S&P 500 падна за 0,87 проценти на 1.225 поени а Nasdaq забележа намалување за 1,26 отсто на 2.679 индексни поени. Во повеќето од тргувањата од вторникот берзанските индекси го минаа во позитивната зона, што е последица на корекциите на цените на акциите по остриот пад од понеделникот, но пред крајот на тргувањето забележаа пад бидејќи американската централна банка Fed ги разочара инвеститорите. По последната годинешна седница на челниците на Fed, банката порача дека американското стопанство забележува умерен раст, и покрај забавувањето на глобалниот раст, но рецесијата во Европа и нестабилност ана финансиските пазари, би можеле во идниот период да му нанесат штети. Fed ја остави можноста подотворена за новите мерки за поттикнување, за да американското стопанство што побезболно ги претрпи последиците од европската должничка криза, но останаа разочарани инвеститорите кои се надеваа на појасни знаци за поддршка. Ниту од Европа во вторникот не стигнуваа добри вести за берзите. Германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли секоја можност за зголемување на фондовите за спасување на еврозоната. Европскиот стабилизациски механизам (ESM), кој кон половината од идната година ќе го наследи Европскиот фонда за финансиска стабилизација (EFSF), ќе има кредитни капацитети од 500 милијарди евра, но повеќето инвеститори сметаат оти тоа е недоволно, па се надеваа на зголемување на овие средства. „Во сегашната ситуација во Европа најголем проблем е краткорочната ликвидност, па идниот чекор би требало да биде одговорот на тоа прашање. Пазарот се надеваше на зголемување на средствата за спасување на Европа, но Германија повторно му го извлече тепихот од под нозете. Поради таа несигурност, пазарот е под притисок и натамошните движења зависат од Европа“, вели за Reuters Ренди Фредерик, директор од банката во „Charles Schwab“.И на повеќето европски берзи во вторникот цените на акциите забележаа пад. Франкфуртскиот DAX ослаби за 0,19 отсто на 5,774 поени, парискиот CAC 40 за 0,40 отсто на 3.078 поени, додека пак лондонскиот FTSE 100 забележа раст од 1125 отсто на 5.490 индексни поени./крај/ро/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 % во однос на одлуката од 7.03.2025 година.

dobivaj vesti na viber

Од 11.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,261 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,240 ден/кг и сега ќе изнесува 42,261 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 51,432%, кај дизелот за 4,044%, кај екстра лесното масло е за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 2,791%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5995%.

Прикажи повеќе...

Економија

Бојкот на американски производи во Европа поради политиките на Трамп

Објавено пред

Движења за бојкот на американските производи добиваат поддршка во Европа како реакција на промените во американската политика, особено во однос на воведените царини за европските производи и политиката кон руската агресија во Украина.

dobivaj vesti na viber

Во Шведска, оваа иницијатива доби посебен замав преку социјалните мрежи. На Фејсбук се формирани групите „Boykot varer fra USA“ со 67.000 членови и „Bojkotta varor från USA“, која брои над 70.000 корисници. Членовите на овие групи повикуваат на бојкот на американските брендови како „Мекдоналдс“, „Кока-Кола“, „Најк“, „Левис“, „Нетфликс“, „Гугл“ и „Ербнб“.

Јаник Кохинур, основачка на групата „Бојкотирам американска стока“, изјави дека овој чекор го презела бидејќи не можела директно да влијае на американските политики, но смета дека со економски притисок може да се испрати силна порака.

„Тешко е, бидејќи речиси сè е под влијание на Америка. Би требало да се бојкотира огромен број производи“, коментира еден од членовите на групата. Друг корисник нагласува дека луѓето при купување ретко размислуваат за потеклото на производите, што го прави бојкотот сложен.

Кохинур, сепак, беше критикувана бидејќи групата ја основала на платформата Фејсбук, која е во сопственост на американскиот технолошки гигант „Мета“. Таа одговори дека во моментов нема подобра алтернатива, но изрази надеж дека ќе се појават нови платформи што ќе им овозможат на активистите поголема независност.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Нема да дозволам фантом земјоделци да профитираат

Објавено пред

Земјишната политика е основен фактор за враќањето на производството во земјоделскиот сектор и враќање на производствените капацитети на нивото каде што некогаш биле, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Аграр“.

dobivaj vesti na viber

Трипуновски истакна дека неговата прва задача во функцијата е да направи ревизија на земјоделското земјиште кое било поделено во претходните години. Целта е да се провери дали земјиштето во државна сопственост се користи согласно со договореното.

„Нашиот фокус е да ги контролираме големите корисници, особено оние правни субјекти кои добиле големи површини земја, а кои можеби не ги исполнуваат обврските. До сега имаше два такви случаи каде земјиштето се користело бесправно, а истовремено биле искористени и државни субвенции“, објасни Трипуновски.

Контролите, како што најави, ќе продолжат и во иднина, а целта е да се ослободи земјиштето и да се додели на вистинските земјоделци кои ќе ја користат земјата со цел да ја подобрат производството.

„Не ќе дозволиме фантоми земјоделци да профитираат на сметка на државата“, нагласи министерот.

Во однос на јавните повици, Трипуновски информираше дека лани завршија јавни повици за распределба на земјиште кои беа објавени за време на техничката Влада. Со овие повици се потпишани 967 договори. Во текот на новогодишните празници беа објавени и нови повици кои беа барање на земјоделците, а тие завршија со пристигнување на над 2.000 апликации.

„Нашата следна фаза ќе биде оглас за распределба на земјиште, со точно дефинирани парцели. Планираме да се поделат парцели не помали од 10 хектари, бидејќи сакаме да ги охрабриме земјоделците да размислуваат за окрупнување на земјиштето“, изјави Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

ССМ најави можен штрајк на 2 и на 7 април доколку Владата не ги повика на преговори за 500 евра минимална плата

Големи се шансите на 2 и на 7 април, доколку нема слух од спротивната страна, Сојузот на синдикатите на Македонија...

Македонија1 час

Камбовски: Личен чин е дали членовите на Судскиот совет ќе поднесат оставки или не

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот...

Македонија2 часа

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка...

Свет2 часа

Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за...

Топ4 часа

Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден. Првата се случи на магистралниот пат...

Економија5 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука...

Македонија6 часа

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без...

Македонија7 часа

Пендаровски е озборувач, кој покажа дека е против Америка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и...

Македонија7 часа

„Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на ‘Ѓока констракшн’“, прашува СДСМ

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот...

Свет8 часа

(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го...

Европа9 часа

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет9 часа

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет10 часа

Иран: Ќе преговараме со САД, само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет10 часа

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија20 часа

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ21 час

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ23 часа

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија1 ден

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија1 ден

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ1 ден

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....