Спорт
Бекам блиску до трансфер во ПСЖ
Дејвид Бекам е на чекор до враќање во Европа. Според наводите на „The Daily Mail“ 36-годишниот Бекам ќе се пресели во редовите на Пари Сен Жермен. Поранешниот англиски репрезентативец со францускиот тим би потпишал 18-месечен договор, според кој би заработил 11,6 милиони фунти.
Дејвид Бекам е на чекор до враќање во Европа. Според наводите на „The Daily Mail“ 36-годишниот Бекам ќе се пресели во редовите на Пари Сен Жермен. Поранешниот англиски репрезентативец со францускиот тим би потпишал 18-месечен договор, според кој би заработил 11,6 милиони фунти. Парите не се проблем за новиот сопственик на ПСЖ, групацијата „Qatar Investment Authority“, од каде се убедени дека Бекам ќе ги прифати понудените услови. Сопствениците на ПСЖ се сигурни дека со доаѓањето на Бекам ќе профитираат, како играчки така и маркетиншки. Насер ал-Келаифи покрај во ПСЖ и функцијата генерален менаџер ја врши и во спортскиот дел на телевизијата Ал Џезира, тој смета дека натпреварите на ПСЖ ќе бидат гледани во целиот Среден Исток, токму поради Бекам. Дејвид Бекам во кариерата има настапувано во Манчестер Јунајтед, Реал, Милан и ЛА Галакси. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мурињо: Никој нема да ме убеди дека сме испаднати од ЛШ
Вчера, Бенфика загуби со 1:0 во Лисабон од Баер Леверкузен во четвртото коло од Лигата на шампионите. По четири кола, тимот на Жозе Мурињо има ист број порази со гол-разлика од 2:8. Токму гол-разликата ја прави разликата помеѓу претпоследната Бенфика и последниот Ајакс, кој исто така е на нула бодови, но со гол-разлика од 1:14.
Сепак, Мурињо верува дека Бенфика може да се пласира во плејофот за нокаут-фазата.
„Јас сум поголем оптимист од тоа. Никој нема да ме убеди дека сме елиминирани. Математиката е многу јасна – остануваат 12 бода во игра, а ни требаат околу девет. Математиката вели дека е можно, но не само тоа. Овој натпревар ме убеди дека можеме да ги добиеме натпреварите што ни се потребни.
Имаме уште два натпревари до крајот на календарската година, и ако ги добиеме двата, целосно сме во игра за да продолжиме понатаму. Лигата на шампионите е највисокото ниво на европскиот фудбал. Денес, противникот беше тим кој не создаде ниту шанса, ризикуваше ништо… но тоа е многу високо ниво. Со три стопери вредни милиони и со многу квалитет“, рече Мурињо. .
Мурињо пристигна во Бенфика на 18 септември и досега го предводеше клубот во 11 натпревари. Тој забележа 6 победи, два нерешени резултати и три порази.
Во Лигата на шампионите, тој ја предводеше Бенфика во поразите против Челзи (1:0), Њукасл (3:0) и вчерашниот 1:0 против Баер. Во преостанатите четири кола од Лигата на шампионите, Бенфика ќе игра против Ајакс во Амстердам, Наполи во Лисабон, Јувентус во Торино и Реал Мадрид во Лисабон.
Спорт
Еден месец ги чини 40.000 евра – Коринтијанс го моли Депај да го напушти хотелот
Холандскиот напаѓач Мемфис Депај (31), еден од клучните играчи на Коринтијанс, добил барање од раководството на клубот да го напушти луксузниот хотел во Сао Паоло каде што живее. Бразилскиот клуб се соочува со финансиски тешкотии и мора да ги намали трошоците, а сместувањето на Депај е огромен трошок.
Според информациите од бразилскиот „УОЛ“, престојот на холандската ѕвезда во клупскиот хотел чини околу 40 илјади евра месечно. Оваа тема станала предмет на дискусија на состанокот на Управниот одбор, каде што претседателот Осмар Стабиле потврдил дека разговарал со играчот за потребата од наоѓање поекономично решение.
Клубот тврди дека напаѓачот се согласил со предлогот и покажал подготвеност да се пресели, но до ден денес сè уште не го напуштил хотелот. Извори блиски до играчот наведуваат дека Депај се чувствува многу удобно во хотелот и дека му е тешко да се откаже од удобноста на која е навикнат.
Неговиот престој во хотелот не е изненадувачки со оглед на погодностите што му се нудат, како што се собна услуга, услуга за перење алишта, дневно чистење и 24-часовна рецепција. Една од клучните причини за престојот е близината на тренинг центарот, што ги олеснува неговите секојдневни обврски.
Депај е најдобар стрелец во историјата на холандската репрезентација со 54 гола на 106 натпревари. Својата кариера ја помина во ПСВ, Манчестер Јунајтед, Барселона, Лион и Атлетико Мадрид. Тој се пресели во Коринтијанс во септември минатата година и постигна 16 гола и им постави 14 погодоци на 58 натпревари. Неговиот договор важи до крајот на 2026 година.
Спорт
„Синер е опседнат со Алкараз“
Францускиот тенисер Николас Мау ја коментираше борбата меѓу двајцата најдобри играчи во светот.
Јаник Синер го освои Париз минатата недела и се врати на врвот на АТП листата.
„Тој сè уште може да ја подобри својата игра во транзицијата, својот напад, својата игра на мрежата“, изјави Мау за „Еуроспорт“, додавајќи:
„Кога ќе ги прочитате неговите изјави, тој е опседнат со Алкараз“.
На Синер ќе му биде многу тешко да остане на врвот на крајот од годината, по Завршниот Мастерс, бидејќи дури ни титулата во Торино не му го гарантира тоа.
„Не сум сигурен дека ќе остане број еден дури и ако ги добие сите натпревари, бидејќи не гледам како Алкараз нема да победи барем три натпревари (услов за враќање на врвот на АТП листата)“, истакнува Мау.
Последниот турнир во годината е закажан од 9 до 16 ноември.

