Свет
"Алфите" апселе на нервно
Очевидци на настанот велет дека повеќе лица во цивилна облека, со пиштоли во рацете дигнати над главите ги пребарувале просториите и болничките соби, а пациентите во обид да се спасат вратите на собите ги блокирале со кревети а некои избезумени
ПАНИКА ВО БОЛНИЦАТА ВО КУМАНОВО
Очевидци на настанот велет дека повеќе лица во цивилна облека, со пиштоли во рацете дигнати над главите ги пребарувале просториите и болничките соби, а пациентите во обид да се спасат вратите на собите ги блокирале со кревети а некои избезумени во п
Десетина Алфи во петокот напладне ги распаметиле пациентите и персоналот на Нервното одделение во кумановската болница, кога упаднале да ги апсат браќата Н. А. и Х. А. од семејството Шурланти, обвинети за убиство во обид на две лица во пицеријата "Глорија" пред две и пол години. Бркотниците и апсењето се случила нешто по 11 часот, кога на Одделението вриело од пациенти и посетители, а на работа биле и поголемиот дел од лекарите, сестрите и болничарите.
Според очевидци на настанот, прво во ходниците на болницата се слушнало викање и галама заради што сите излегле да видат што се случува. Тогаш пред себе здогледале повеќе вооружени лица во цивилна облека, како со пиштоли во рацете дигнати над главите нешто бараат. Тие ги пребарувале сите простории. Некои од пациентите во обид да се спасат вратите на собите ги блокирале со кревети. Настанала мешаница и пискотници, па присутните избезумени во паника бегале надвор, се заклучувале по ординациите, собите и тоалетите.
По извесно време вооружените во една од собите каде што лежеле шлогирани пациенти и од канцеларијата за сестри извлекле двајца и ги одвеле со полициско комби. Еден од присутните вооружени лица во меѓувреме им објаснил на лекарите дека тие се од специјалната единица Алфи и по налог апселе пациент. Во болницата дознавме дека Назми А. бил сместен на нивното одделение претходните 10-тина денови бидејќи се жалел на депресија и суицидни мисли. Тој бил примерен пациент и секој ден си ја примал препишаната терапија. Во четврток побарал излез од болницата во придружба на својот брат за да однесел потврда со дијагноза во полицијата дека се наоѓа на лекување. Дента не се вратил, а наредниот ден околу пладне се обиделе да го уапсат додека се враќал во одделението. Најверојатно полицијата го следела и сакала да го приведе, но тој успеал да побегне и се обидел да се сокрие во одделението во нервно па се сокрил во една од собите. По завршување на целиот настан на некои од пацинетите и присутните толку им се слошило од страв, поради што лекарите морале да им дадат дополнителни лекови за смирување. Пациентите и посетителите во болницата цело време мислеле дека се работи за вооружена пресметка меѓу две банди.
Полицијата потврди дека се уапсени браќата Н. А. и Х. А. поради сторени повеќе тешки кривични дела и обид за убиство на В. З. (46) и Џ. Р. (26) во кафе – пицеријата "Глорија на 24 септември 2003 година. Според нив, Н. А. е уапсен пред болницата а Х. А. во неговиот дом.
С. Николиќ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

