Македонија
Протестниот митинг поддржан од повеќето опозициски партии

Протестниот митинг во организација на СДСМ под слоганот „Ние сме за победничка Македонија“ ќе биде поддржан и од повеќето опозициски партии.
Протестниот митинг во организација на СДСМ под слоганот „Ние сме за победничка Македонија“ ќе биде поддржан и од повеќето опозициски партии.
Лидерот на НСДП, Тито Петковски рече дека неговата партија го поддржува овој митинг и дека ќе биде дел од него.
„НСДП не само што јавно го поддржува, туку ќе биде дел од овој митинг со наши членови, симпатизери да дадеме поддршка, а на соодветен начин ќе кажеме како ние гледаме на времето и како владее власта. Наши членови ќе дојдат на митингот со јасни пораки, со пароли, со транспаренти, затоа што сметаме дека тогаш треба да биде најсилен гласот на оние кои не ја поддржуваат оваа влада и сметаат дека е неодговорна и дека несовесно владее“, изјави Петковски.
Тој рече дека очекува на овој митинг да се соберат многу повеќе граѓани, од роденденскиот митинг на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас сум сигурен дека многу повеќе од дупло луѓе ќе се соберат и навистина би било многу загадочно ако не се случи тоа, бидејќи тоа ќе говори дека само опозицијата смета дека власта не владее добро. Овој митинг треба да даде шанса на луѓето независно од партиските бои со чинот на излегувањето да покажат дека не се согласуваат со политиката на владата“, додаде Петковски.
Нова демократија го поддржува овој митинг, но за да биде дел од него очекува покана од организаторите.
Ја поддржуваме потребата од протест, односно од реакција, но за да бидеме дел од тој митинг, треба да бидеме поканети од иницијаторите, за да видиме која ќе биде суштината. Треба да седнеме и да видиме дали ќе се внесе дел од нашето политичко дејствување“, изјави сулејман Рушити од Нова демократија.
Според него има доста незадоволство од страна на сите граѓани на Република Македонија и има мотив луѓето да излезат на протест.
Ѓорѓи Оровчанец од Нова алтернатива изјави дека ваков митинг им е потребен на граѓаните да се ослободат од стравот, за да ја исполнат целта, а тоа како што рече е победничка Република Македонија.
„Груевски на роденденот не го поддржаа ниту неговите членови тоа е само знак дека и неговото членство веќе не се согласува со неговата политика. Благодарејќи на се појасната слика која се создава во јавноста за неговото владеење и потребата за промена на неговата власт очекувам дека ќе има двојно повеќе отколку на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Оровчанец.
Најголемата опозициска партија СДСМ, за недела 27 јуни, најави протестен митинг „Ние сме за победничка Македонија“ на кој ќе го изразат незадоволството од политиката на актуелната власт.
Митингот всушност е одговор на роденденската забава што пред повеќе од една недела ја одржа владејачката ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје.
Грубите проценки се дека на роденденот на ДПМНЕ присуствуваа околу 100 илјади луѓе./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.