Свет
Разбиен глобален синџир на интернет педофилија
Глобален синџир на интернет педофилија е прекинат во меѓународна полициска акција, при што биле уапсени стотина лица.
Глобален синџир на интернет педофилија е прекинат во меѓународна полициска акција, при што биле уапсени стотина лица.
Во истрагата се откриени повеќе од 50.000 педофили од Велика Британија, САД, Нов Зеланд, Австралија и Тајланд, каде што беа уапсени и првите осомничени.
Вкупно се спасени 230 деца, од кои 60 во Велика Британија, додека се уапсени 184 осомничени, од кои 121 од Велика Британија, пишува „Гардијан“.
Детали од истрагата се откриени во Хаг, каде што бил сместен серверот на интернет страницата. Мрежата била сокриена зад легалниот интернет форум, boylover.net, кој има сервер во Холандија, но членувале луѓе од цел свет.
Страницата била замислена како форум само за расправа каде што членовите можеле да разговараат за сексуалната заинтересираност за млади момчиња без да направат било какво кривично дело. Кога ќе го оствареле контактот, би се префрлиле на и мејл преку кој разменувале незаконски фотографии на злоставувани деца.
Истрагата наречена „Операција за спасување“ ја водеше британскиот Национален центар за заштита на децата во соработка со другите полиции и агенции ширум светот, а се ограничиле на 670 прекршители. Операцијата започна во 2007. година, кога Британците и Австралијците, независно едни од други, ја откриле интернет страницата. Се уфрлиле во форумот и ги откриле членовите што претставуваат најголем ризик за децата. /крај/гар/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

