Спорт
Цедевита и Хемофарм поразени во второто коло

Хрватскиот претставник во Еврокупот во кошарка од групата „И“ Цедевита го претрпе и вториот пораз во второто коло, овој пат на домашен паркет против Уникс од казан со 76:94. Двајцата Американци во рускиот тим постигнаа преку 20 пени за висока победа на гостите, додека во Цедевита најефикасен беше Ведран Вукушиќ со само 13 поени.И вториот претставник од Балканот, српскиот Хемофарм во оваа група беше поразен во Гран Канариа со 72:66. И во српскиот состав најефикасниот играч Биорис Савовиќ постигна само 13 поени, додека во тимот од Канарските Острови Џејси Керол постигна 27 кошеви.Резултати и табелиГрупа И: Гран Канариа – Хемофарм 72:66. Цедевита – Униклс 76:94. Табела: Уникс 2-0, Гран Канариа 1-1, Хемофарм 1-1, Цедевита 0-2.Група Ј: Ле Ман – Арис 85:70, Будивелник – Гетинген 68:56. Табела: Ле Ман 1-1, Арис 1-1, Будивелник 1-1, Гетинген 1-1.Група К: ЧЕЗ Нимбурк – Пепси Казерта 68:74, Галатасарај – Естудијантес 57:58. Табела: Пепси Казерта 2-0, Естудијантес 2-0, Галатасарај 0-2, ЧЕЗ Нимбурк 0-2.Група Л: Кахасол – Бенетон 66:55, АЛБА – Панелиниос (27. јан.). Табела: Кахасол 2-0, Бенетон 1-1, АЛБА 1-0, Панелиниос 0-1.крај/хина/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фокс потпиша нов договор со Спарс – ќе заработува повеќе од Дончиќ

Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Диерон Фокс, потпиша нов, максимален договор со НБА франшизата од Тексас. За четири години ќе заработи 229 милиони долари.
Фокс ќе заработува 57,5 милиони долари годишно во следните четири години.
За споредба, Лука Дончиќ потпиша тригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс, според кој ќе заработува 165 милиони долари во текот на три години, или 55 милиони долари годишно.
Фокс беше разменет во февруари 2025 година, во трејдот учествуваа три франшизи: Сакраменто Кингс, Сан Антонио Спарс и Чикаго Булс.
Тој имаше просек од 19,7 поени, 6,8 асистенции, 4,3 скока и 1,5 украдени топки по натпревар во 17 натпревари минатата сезона за Сан Антонио Спарс.
Во својата кариера, претходно играше за Сакраменто Кингс, кои го избраа како петти пик на НБА драфтот во 2017 година.
Спорт
Њукасл испрати нова понуда за Шешко

Англискиот фудбалски клуб Њукасл испрати втора, подобрена понуда за напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко.
Германски „Скај Спортс“ тврди дека Њукасл нуди 69,7 милиони фунти (80 милиони евра) фиксна компензација, со дополнителни бонуси. „Страчките“ првично понудија 65,3 милиони фунти плус 4,36 милиони фунти (75 милиони евра + 5 милиони евра) бонуси.
На Њукасл очајно му се потребни засилувања во нападот.
Тренерот Еди Хау ги има на располагање само Вилијам Осула и Александар Исак, кој неодамна му соопшти на клубот дека сака да го напушти клубот.
Ливерпул испрати понуда за Швеѓанецот, но Њукасл ја одби, а судбината на Исак е неизвесна.
Шешко, заедно со Лоис Опенда, беше главен столб на клубот од „Ред Бул Арена“ и минатата сезона. Словенецот постигна 21 гол во сите натпреварувања и запиша уште шест асистенции.
Спорт
Роналдо покажа со прстот кон Гринвуд

Кристијано Роналдо продолжува да го обликува тимот според своите желби, а сега е пронајдено ново име кое би сакал да го види во тимот.
Според „Марка“, португалскиот фудбалер побарал од раководството на клубот да го доведе Мејсон Гринвуд.
Англискиот офанзивен играч се прероди и е најдобриот играч на Марсеј. Тој веќе имаше покани од Саудиска Арабија минатата сезона, но тогаш не сакаше да го промени средниот ред.
Не е лесно да останеш имун кога ќе те повика Кристијано Роналдо, иако медиумите тврдат дека Гринвуд не размислува за заминување, иако и Интер го има на својот радар.
Жоао Феликс неодамна пристигна во Ал Наср, а Роналдо сака по секоја цена да го освои првиот трофеј на Блискиот Исток.
Фото: ЕПА