Македонија
Навремено дијагностицирање најдобар лек за спречување на ХИВ инфекција
Навременото дијагностицирање на ХИВ инфекцијата и што порано започнување со антиретровирусниот третман се главни превентивни мерки за спречување на ширењето на ХИВ инфекција.Ова е пораката на министерот за здравство Бујар Османи по повод денешното одбележување на Светскиот ден за борба против сидата.Во текот на 2010 година во републикава се регистрирани 4 нови пациенти заболени од СИДА и осум инфицирани со ХИВ.а вкупно 66 лица живеат со ХИВ/СИДА.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, на антивирусен третман се 34 пациенти, а трошоците ќе бидат покриени до 2011 година.Министерот Османи кажа дека Македонија ќе ги покрива трошоците за антиретровирусен третман од 2011 година и дека се веќе отпочнати процедурите за набавка на лековите за 2011. годинаОсмани информираше дека месецов ќе се возобнови советувалиштето за ДДСТ на ХИВ на Клиниката за гинекологија и акушерство и ќе се формира советувалиште за ДДСТ во Гинеколошко акушерската болница Мајка Тереза во Чаир.„Севкупно се чини дека епидемијата се стабилизира и бројката на заболени од ХИВ се намалува во однос на 90-тите.Сидата веќе не е смртоносна болест туку хронична болест која може да се лекува“, рече Дијадра Бојд постојаниот координатор на ОН.Бојд додаде дека прашањето на стигматизација и дискриминација со кое се соочуваат инфицираните е суштинско прашање кое треба што поскоро да се реши.Денеска беше прочитано и писмото кое го напишаа лицата кои живеат со ХИВ, поради како што велат нивниот основан страв да го откријат својот личен идентитет.Во писмото тие велат дека голем број лица се уште го сметаат ХИВ за вирус што се третира карантински што е резултат на слабата информираност и дека бележат случаи каде инфицираните од ХИВ имаат проблем да добијат социјална помош.„Не можеме да очекуваме од обичниот македонски граѓанин да биде ослободен од предрасудите доколку не постои соодветна волја кај најинформираните и одговорните“, напишаа заболените од ХИВ.Тие побараа систем за континуирано, редовно и навремено набавување на антиретровирусната терапија и целосно спроведување и почитување на Законот за заштита на правата на пациентите./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

