Македонија
Јанкулоска на министерска средба во Брисел
Конференција на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ, како и на земјите кандидати за членство во Унијата
Конференција на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ, како и на земјите кандидати за членство во Унијата, почнува денеска во Брисел.Според најавите, на конференцијата, посветена на борбата против трговијата со луѓе, денеска и утре ќе учествува и македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.Министерката ќе има обраќање во рамките на една од сесиите на конференцијата, при што ќе ги презентира досегашните активности и искуства на македонската полиција во борбата против трговијата со луѓе.Министрите на двете пленарни сесии ќе разговараат за меѓународната соработка за превенција на трговијата со луѓе, за соработката во заштитата и помошта на жртвите од трговијата со луѓе, потоа за соработката меѓу правосудните институции полицијата во оваа област, како и за соработката во заштитата на децата од трговијата со луѓе.Министерката Јанкулоска заедно со министерот за правда Михајло Маневски по министерката конференција во Брисел, во среда, во Хаг ќе го посетат Јохан Тарчуловски во затворот Шевенинген, а ќе остварат и средба со Јавниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

