Спорт
Далас стави точка на серијата од 12 победи на Сан Антонио

По 12 едноподруго победи Сан Антонио потклекна во својата ЕјТи енд Ти Арена во натпреварот против Далас Маверикс. Гостите мечот го решија во последната четвртина во која влегоа со негатива од само два поена, но ја добија со 32:21, за конечна победа од 103:94. Прва виолина на Далас по кој знае кој пат беше Дирк Новицки. Овојпат постигна 26 поени, 8 скокови и 5 асистенции.Во последната четвртина блескаше Шоун Мерион кој само во овој период постигна 11 поени, од вкупно 19 на мечот. Во дресот на Сан Антонио Ману Џинобили постигна 31 поен, а Грен Хил 21.Во останатите мечеви се постигнати следните резултати:Мајами Хит – Филаделфија 76 99:90 (Двејн Вејд 23 п., Леброн Џејмс 20 п. / Џоди Микс 21 п.).Јута Џез – Л.А. Лејкерс 102:96 (Дерон Вилијамс 29 п. 12 ас. Ал Џеферсон 20 п. 8 ск. / Коби Брајант 31 п. По Гасол 21 п. 11 ск.)Денвер Нагетс – Чикаго Булс 98:97 Кармело Ентони 22 п. / Си Џеј Вотсон 33 п.).Орландо Меџик – Кливленд Кавалирс 111:100 (Двајт Хауард 23 п. 11 ск. / Антаун Џејмисон 22 п.).Бостон Селтикс – Тореонто Репторс 110:101 (Кевин Гарнет 26 п. 11 ск. Шекил О Нил 16 п. 9 ск. / Линас Клеиза 18 п. )Индијана Пејсерс – Оклахома Тандер 106:110 ( Дени Грејнџер 30 п. Рој Хиберт 19 п. 10 ск. / Расел Вестбрук 43 п. 8 ск. 8 ас. Кевин Дурант 25 п. 8 ск.).Шарлот Бобкетс – Хјустон Рокитс 99:89 (Џералд Волис 21 п. 14 ск. / Чејс Бадинџер 19 п.).Портланд Трејл Блејзерс – Њу Орлеанс Хорнетс 78:97 (брендон Рој 27 п. / Вили Грин 19 п.)Мемфис Гризлис – Голден Стејт Вориорс 97:78 (Руди Геј 25 п. О Џеј Мајо 23 п. / Андрис Биердинс 28 п. 21 ск.)Феникс Санс – Л.А. Клиперс 116:108 (Џејсон Ричардсон 29 п. Хаким Ворик 25 п. / Ерик Гордон 32 п., Блејк Грифин 20 п. 14 ск.).Детроит Пистонс – Милвоки Бакс 103:89 (Родни Стаки 18 п. 7 ас., Ричард Хамилтон 15 п. 9 ас. / Брендон Џенингс 25 п. 6 ас.).крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Федерер го гледаше Ѓоковиќ како се приближува кон својот рекорд: „Голема чест ми е“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон со победа над Австралиецот Алекс де Минаур со резултат од 1:6, 6:4, 6:4, 6:4. Српскиот тенисер се пласираше во своето 16-то четвртфинале на најпознатиот тениски турнир, а за место во полуфиналето ќе игра против Флавиус Коболи, Италијанецот кој денес го елиминираше Марин Чилиќ.
По натпреварот, Ѓоковиќ прво се осврна на многу лошиот почеток. „Сè уште се обидувам да го протолкувам она што се случи. Не почнав добро, ми направи три пати брејк, подобро се справи со ветерот. Немав многу решенија, но се вратив во вториот сет“, рече тој, кратко опишувајќи го натпреварот:
„Мислам дека моментумот отиде на моја страна по тешката игра на 1:1 во сетови. Игравме многу како „мачка и глушец“, тој е одличен во тоа, многу удари од пресврт – кога не се чувствувате најдобро, многу е тешко да се игра против противник кој игра толку ниско и е толку брз.“
Меѓу големата публика беше и Роџер Федерер, кој го гледаше Ѓоковиќ по четврти пат откако се пензионираше. „Да бидам искрен, сакам да победувам со 3-0. Но, натпреварите стануваат сè потешки, Алекс е меѓу првите 10 веќе некое време. Тој е особено незгоден на оваа подлога, па затоа бев малку нервозен. Понекогаш би сакал да имам сервис-волеј како овој господин овде (Федерер), но не се жалам – можам да трчам. Како што одминуваше натпреварот, наоѓав сè повеќе ритам на мојот форхенд и почнав да удирам подобро“, рече тој, заклучувајќи:
„Мислам дека ова е прв пат да ме гледа и да победувам. Ја делиме сцената толку долго, тоа е голема чест и убаво е повторно да го видам на неговиот најуспешен и омилен турнир.“
Федерер го држи рекордот на Вимблдон со осум титули, додека Ѓоковиќ е веднаш зад него со седум, ист број како и Пит Сампрас.
Спорт
Модриќ во август доаѓа во Милан

Масимилијано Алегри, кој се врати на позицијата тренер на Милан, го потврди доаѓањето на Лука Модриќ во клубот. На својата прва прес-конференција како тренер на „Росонерите“, Италијанецот не остави простор за сомнеж:
„Го чекаме Лука Модриќ. Доаѓа во август. Станува збор за важен, извонреден играч.“
Лука Модриќ така би станал второто засилување на Милан во летниот трансфер период. Прво беше доведен и офанзивниот играч Самуеле Ричи, кој пристигна од Торино за 23 милиони евра. Со доаѓањето на Модриќ, Милан има намера дополнително да го зајакне средниот ред на тимот:
Спорт
(Видео) Ракитиќ потврди дека ја завршува кариерата, објави емотивно видео

Триесет и седум годишниот Иван Ракитиќ, еден од најдобрите хрватски фудбалери во последните две децении, преку видеопорака објавена денес на социјалните мрежи потврди дека ја завршува фудбалската кариера.
View this post on Instagram
Со објавата тој ги потврди шпекулациите од пред десетина дена кога не беше на почетокот на подготовките на сплитски Хајдук.
Ракитиќ ја завршува кариерата со 106 настапи и 15 погодоци во дресот на Хрватска, 323 натпревари за Севиља, 310 за Барселона и повеќе од 100 за Шалке .
Роден е во Швајцарија, а кариерата ја започнал во Базел. Патот потоа го одвел во Шалке, Севиља, Барселона, повторно Севиља, Ал Шабаб и на крај Пољуда.
Хрватските медиуми објавуваат дека Ракитиќ, кој освоил 17 клупски трофеи, ќе остане во фудбалот бидејќи ќе биде дел од стручниот штаб на Горан Вучевиќ, спортскиот директор на Хајдук.
Со “коцкастите” во 2018. година стигна до сребрниот медал на Светското првенство во Русија, а од националниот тим се повлече во 2019. година.
Фото: ЕПА