Свет
Патниците на оштетениот крузер безбедно истоварени на Сејшелите
Над 1.000 патници и членови на екипажот на Коста Алегра се истоварија денеска во пристаништето Викторија на Сејшелите, по три дена минати на море во незавидни услови на крузерот, кој остана без погон поради пожар.
Над 1.000 патници и членови на екипажот на Коста Алегра се истоварија денеска во пристаништето Викторија на Сејшелите, по три дена минати на море во незавидни услови на крузерот, кој остана без погон поради пожар.Бродот долг 188 метри со 627 патници и 413 членови на екипажот исплови во саботата од Мадагаскар кон Сејшелите, по што требаше да продолжи кон Оман и Египет.Во понеделникот изби пожар, по што бродот остана без погон и талкаше 24 часа низ морето, додека не пристигнат специјални бродови да го извлечат.Бродот од вторникот беше влечен во придружба на сејшелски безбедносни органи со цел да се заштити од напади на сомалиски пирати.Повеќето од патниците одлучија да прифатат одмор на Сејшелите на сметка на компанијата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

