Спорт
Чарлтон: Ронадло ќе биде ѕвездата на СП

Англиската фудбалска легенда пред почетокот на мундијалот ја коментираше англиската репрезентација и можните случувања на Светското првенство
Сер Боби Чарлтон кој беше во составот на англиската репрезентација која на домашен терен во 1966 г. стана единствен пат досега светски фудбалски шампион, смета дека првенството во Јужна Африка е едно од најнеизвесните и дека може да значи почеток на новите текови во светскиот фудбал.
Прашан за ѕвездите на претстојниот мундијалски турнир, Чарлтон на разочарување на англиските медиуми не се задржал многу на своите сонародници. Според него, ова светско првенство ќе мине во знакот на Португалецот Кристијано Роналдо. „Тој ќе го одбележи ова натпреварување бидејќи е еден од оние играчи кои не можат да се запрат. Верувам дека ќе биде една од ѕвездите, иако не верувам дека Португалија може да биде победник“, вели човекот кој е сметан за еден од најдобрите англиски и светски фубдалери на сите времиња. Кога станува збор за англиската репрезентација, Чарлтон смета дека најважно е што покрај стандардните и добри играчи, „Гордиот Албион“ е предводен од според него вистински селектор за каков го смета италијанскиот стратег Фабио Капело. „Капело е избор од прва класа за селектор на Англија. Ако сакате да имате успех, морате да имате некој кој може да ги обедини сите тие различни личности кои играат во различни системи. Тоа е она што сер Алф Ремзи го стори со нас во 1966 г.“, вели Чарлтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Заврши сезоната за Џек Дрејпер

Британскиот тенисер Џек Дрејпер ја заврши сезоната поради повреда на левата рака.
Седмиот играч на планетата, кој блескаше на Индијан Велс, каде што ја освои титулата, ќе мора да паузира до крајот на годината.
Во еден момент Дрејпер беше четврти на АТП листата, но неодамна доживеа пад, токму поради повредата.
Доживеа разочарување на Вимблдон каде што беше елиминиран од Марин Чилиќ во второто коло, а на Отвореното првенство на САД мораше да го предаде мечот од второто коло против Зизу Бергс.
Ова не е прв пат Дрејпер да се повреди, откако го пропушти Вимблдон во 2023 година и одредени турнири во 2024 година поради проблеми со физичката подготвеност.
Заедно со овогодинешниот Индијан Велс, Дрејпер славеше и во Виена и Штутгарт минатата сезона.
Спорт
Скалони: Каква и да биде одлуката на Меси, ние ќе ја почитуваме

Аргентинците немаа време ниту да ги избришат солзите од збогувањето на Меси на домашна почва кога станува збор за репрезентацијата, а ги дочека нов шок.
Лионел Меси, најголемиот фудбалски син на нацијата, по натпреварот со Венецуела пред некој ден изјави дека не знае дали ќе игра на Светското првенство и дека целата логика налага дека нема да биде таму.
Аргентинците се обидоа да добијат неколку утешни зборови од селекторот Лионел Скалони, за да им каже дека Меси само се шегувал, но всушност, нивните стравови само се продлабочија, бидејќи дури ни стратегот на Албиселесте не знае што ќе се случи до јуни следната година.
„Кои се шансите Меси да игра на Светското првенство? Мислам дека навистина не би било исправно сега да зборуваме за проценти, бидејќи искрено кажано, ни јас не знам. Многу работи можат да се случат додека не дојде време за одлука. Јас дури и не разговарав со Лео за тоа, само слушнав што изјави. Тој има време да одлучи и што и да е ќе ја почитуваме неговата одлука“, рече Скалони.
Селекторот на Аргентина се чини дека не е загрижен дури и доколку Меси реши да не игра на Светското првенство.
„Веќе го формиравме јадрото на тимот, сите го знаат тоа. Прво, да видиме што ќе ни кажат, колку играчи ќе можат да одат на Светското првенство, а потоа ќе одлучиме за составот.“
Спорт
Јувентус остана без важен играч за дербито против Интер

Фудбалскиот сојуз на Португалија објави дека 22-годишниот Франциско Консеисао морал да го напушти репрезентативниот камп по повреда на мускулот. Консеисао нема да ѝ помогне на Португалија во квалификацискиот натпревар овој вторник, на гостински терен против Унгарија во Будимпешта. Португалија досега одигра еден натпревар во квалификациската група и победи во Ерменија со убедливи 5:0.
Консеисао, фудбалер кој во кариерата одиграл 11 репрезентативни натпревари и постигнал два гола, веднаш заминал за Торино и ќе направи дополнителни тестови во својот клуб и ќе продолжи со закрепнувањето.
Јасно е дека тренерот на Јувентус, Игор Тудор, ќе мора да го состави тимот за дербито во сабота против Интер во Торино без Консеисао, играчот кој беше во неговиот почетен состав во првите две кола од Серија А.
Минатата сезона, Консеисао играше во Јувентус како позајмен од Порто, а клубот од Торино го откупи неговиот договор ова лето.
На почетокот од новата сезона, Јувентус забележа две победи, дома 2:0 против Парма и на гости 1:0 против Џенова.
Фото/ Принтскрин