Спорт
Во Охрид се плива 24-от маратон
На 30-километарската патека „Климе Савин“, во водите на Охридското езеро започна 24-та маратонска трка. Охридскиот маратон е деветти, предпоследен во гран при серијата на ФИНА.
На 30-километарската патека „Климе Савин“, во водите на Охридското езеро започна 24-та маратонска трка. Охридскиот маратон е деветти, предпоследен во гран при серијата на ФИНА.Стартот на трката го означи градоначалникот на Охрид Александар Петрески Маратонската трка од пријавените 26, 16 во машка и 10 во женска конкуренција, од Св. Наум ја стартуваа 22-ца пливачи. Од трката се откажаа Вилагоис од Аргентина, Ел Занати и Адел, двајцата од Египет и аргентинката Рита Гарсија. Веднаш на стартот фаворитите се издвоија од останатата група, на првата мерна точка кај селото Љубаништа израменти пливаа Стојчев, Блаум и македонскиот претставник Евгениј Поп Ацев. Маратонците имаат идеални услови за пливање, езерото е мирно, а температурата на водата изнесува 23 степени целзиусови. Првите маратонци на целта, на градското пристаниште во Охрид, се очекуваат да пристигнат околку 17:30 часот. Наградниот фонд на Охридскиот маратон изнесува 25 000 американски долари, победниците во машка и женска конкуренција ќе заработат по 3000 американски долари.крај/макфакс/н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шокатнтен пораз на Баерн среде Минхен
Фудбалерите на Баерн Минхен, во 19-то коло, го забележаа првиот пораз сезонава во Бундес лигата. Лукалниот ривал од Баварија, Аугсбург, го шокираше шампионот среде Минхен.
Делуваше дека актуелниот шампион ќе забележи уште една рутинска победа кога поведе со голот на Ито во 23-та минута. Сепак, тотален шок следеше во последната фаза од натпреварот, кога гостите ги постигнаа двата гола.
Артур Чавез за 1:1 (76-та минута) и Маенго во 81-та минута.
Баерн се обиде да израмни на крајот, но Аугсбург успеа да ги одбие сите напади и да освои три важни бода во борбата за опстанок. Најдобрата шанса ја пропушти Олисе, кога ја затресе пречката.
Резултати:
Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1:0 (1:0)
/Лукас Васкез 38/
Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм 1:3 (1:0)
/Калимуендо 18 – Бургер 52, Кабак 60, Аменда 65/
Мајнц – Волфсбург 3:1 (0:1)
/Тиц 68, Бел 74, Амири 84 пен.- Амура 3/
Хајденхајм – РБ Лајпциг 0:3 (0:0)
/Баку 62, Нуса 68, Раум 71/
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Комо со шест парчиња го честеше Торино
Во италијанската Серија А се играат натпреварите од 22-то коло, а попладнево екипата на Комо го декласираше Торино со 6:0.
Дебаклот на „биковите“ го најави Гркот Дувикас во седмата минута. Само осум минути подоцна, Комо ја дуплираше предноста со прекрасен гол на Батурина.
Серијата голови во вториот дел ја отвори Де Куња од пенал, во 59-та минута. Седум минути подоцна беше постигнат четвртиот гол, по акцијата на Батурина, Дувикас го постигна својот втор гол.
Д крајот по гол за Комо постигнаа Кун и Какра.
Комо сега има 40 бода на петтото место, а Торино е сè уште на 23 бода, по четвртиот последователен пораз.
Foto/ EPA
Спорт
Историски меч – Франција ја прегази Португалија
Франција ја прегази Португалија со 46:38, во првиот мел од второто коло, во Групата 1 на ЕП.
Нестварен меч одиграа Французите, а победата ја најавија по само 10 минути игра. На крајот, Португалците загубија со само осум голови разлика.
Неколку рекорди беа постигнати на овој натпревар. Франција постигна најмногу голови во едно шолувреме (28), го изедначи сопствениот рекорд за најмногу голови на една селекција (46).
Франција и Португалија постигнаа најмног голови во едно полувреме (28:15) и најмногу голови на еден натпревар (84).
Мем со осум и Ричардсон со шест ја предводеа Франција, на спортивната страна со по пет гола се истакнаа Бранкиљо, Роча, Итуриза и Брандао.
Foto/ EPA

