Спорт
Сао Паоло понижен од Коринтијанс

Во мечевите до шестото коло, Сао Паоло беше со стопроцентен учинок од пет победи, 9 постигнати голови и само еден примен.Но на гостувањето против Коринтијанс никој не очекуваше вистински дебакл на Сао Паоло, посебно поради тоа што резултатот на полувремето беше 0:0
Во мечевите до шестото коло, Сао Паоло беше со стопроцентен учинок од пет победи, 9 постигнати голови и само еден примен.Но на гостувањето против Коринтијанс никој не очекуваше вистински дебакл на Сао Паоло, посебно поради тоа што резултатот на полувремето беше 0:0, иако гостите играа со играч помалку од 40 минута.Во продолжението настана потоп на Сао Паоло, Со голот на Данило, хет трикот на Лиедсон и погодокот на Енрике во финишот Коринтијанс победи со високи 5:0. Коринтијанс сега е втор со бод помалку, но и еден натпревар помалку одигран.Резултати 6 коло: Коринтијанс – Сао Паоло 5:0Ботафого – Гремио 2:1Аваи – Флуминенсе 0:1Интернационал – Фигуиренсе 4:1Атлетико Гоајенсе – Васко Да Гама 0:1Табела: Сао Паоло 15, Коринтијанс 13, Палмеирас 11, Ботафого 11, Васко Да Гама 11, Фламенго 10…крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“