Регион
Работниците од пристаништето Пирej го блокираа морскиот сообраќај

Денешниот дваесет и четиричасовен штрајк на работниците од грчкото пристаниште Пиреј, спречи стотици патници да користат траект, пренесуваат грчките агенции.
Денешниот дваесет и четиричасовен штрајк на работниците од грчкото пристаниште Пиреј, спречи стотици патници да користат траект, пренесуваат грчките агенции.
Според судската одлука овој штрајк е незаконски и само два од четиринаесет синдикати, кои ги застапуваат правата на вработените во пристаништето, учествуваат во штрајкот.
Поради ваквата одлука на судот, фирмите кои вршат морски превоз, синоќа најавија патувања по регуларниот распоред.
Вработените од пристаништето штрајкуваат за да искажат незадоволство поради острите мерки на грчката влада за надминување на економската криза./крај/см/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.