Компании
Одлична можност за заработка со бесплатни почетни 50 евра
Под притисок на јакиот долар, цената на златото сé уште се наоѓа во опаѓачки тренд кој го започна во почеткот на февруари и од тогаш падна за дури 8.45 отсто.
FXLider, специјално за читателите на МАКФАКС, доделува 50 ЕВРА наменети за тргување со цената на златото на светската берза, единствена берза на која можете да заработите и на растот и на падот на цената.
Преземете 50 ЕВРА за тргување овде.
Како што велат од FXLider , во последно време има многу случувања во евро зоната и тоа нормално се одразува на финансискиот пазар , на движењето на еврото но и на движењето на цената на златото.
„Од понеделник, 9-ти март, Европската централна банка почнува со програма на купување обврзници а која ќе трае најмалку до септември 2016 година и со тоа значително ќе се зголеми ликвидноста на пазарот. Од неодамна, приметен е раст на побарувачката кога се во прашање златните монети и полуги. Според податоците на U.K.Mint, побарувачката за злато се зголемува поготово во физички облик. Кризата во Грција и нејзината неизвесна иднина во зоната на еврото, доведоа до тоа да повеќе луѓе купуваат злато со што би ја осигурале својата имовина. Ваков тренд веројатно ќе се зголеми во иднина, доколку кризата продолжи, што е многу веројатно. Ако навистина се случи оваа земја да ја напушти зоната на еврото и повторно ја уведе драхмата како национална валута, вредноста која граѓаните ја поседувале во евра ќе биде десет пати помала и сосема е лесно да се заклучи дека сите кои ќе бидат во ситуација, ќе пробаат да го обезбедат својот имот, а златото традиционално ја има улогата на чувар на вредноста.’ велат во FXLider.
Уште еден интересен факт кој го воочивме во текот на 2014 година е големата разлика во движењето на цената на златото во однос на различни валути. Поточно, цената во долари беше прилично стабилна во текот на 2014 година, но затоа оак порасна во другите валути.
„Златото и натаму ја задржа улогата на чувар на вредноста. Луѓето и понатаму го купуваат овој племенит метал како долгорочна инвестиција, поготово ако очекуваат одредена нестабилност, било да е од економски или политички вид. На пример, во Русија инвеститорите кои вложуваа во овој племенит метал, успејаа во значајно поголема мера од останатите, да го зачуваат својот имот. Без обзир на тоа што цената на златото е воглавно изразена во долари, факт е дека за поединечни инвеститори е многу важно колкава е неговата цена во домашната валута, затоа што тоа е всушност она што го диктира однесувањето на инвеститорите”, наведуваат од FXLider.
Светла точка кога е во прашање раст на цената на злато е појавување на извештаи кои укажуваат на тоа дека централните банки, кои до неодамна продаваа злато, сега повторно почнуваат да купуваат. Русија уште една предводи во тоа. Најдобар начин да се разбере прашањето за централните банки е врз основа наширок контекст. Очигледно е дека ситуацијата се разликува помеѓу земјитем меѓутоа она што можеме да го генерализираме е тоа дека централните банки на земјите во развој имаат тенденција да купуваат злато како би диверзифицирале своите резерви кои најголемиот дел во долари. За сега процентот на злато во резервите на земјите во развој се уште се во просек мали, негде околу 3 отсто, што потврдува дека може да се дека земјите ќе продолжат и понатаму со купување на злато.
На движењето на цената во иднина покрај многу други фактори, во секој случај доминантно влијание има движењето на американската валута.FXLider има ексклузивна соработка со Fortrade Limited – компанија која е авторизирана и регулирана во UK од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца со број 609970.
Покрај долунаведеното одрекување од одговорноста, овој материјал не претставува понуда , или барање за извршување на трансакции за било кој финансиски инструмент. Друштвото Fortrade не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба која може да се состои од овие коментари или за последиците кои произлегуваат од нив. Не се даваат никакви изјави ниту гаранција за точност и потполност на информациите. Следствено на тоа секое лице постапува во таа смисла во потполност на свој ризик. Секое обезбедено истражување, не зема во предвид специфични инвестициски цели, финансиски ситуации и потреби на одредена особа која може истите да ги прими. Ова не е составено во склоп на законските барања, осмислен да промовира како такво независност на инвестициското истражување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)
Економија
Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година
Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.
Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.
Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.
„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.
Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.
Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
(ПР)
Економија
„Реплек“ пробива на строгиот британски пазар: Реконазол, прв лек на компанијата регистриран во Обединетото Кралство
Значаен успех на „Реплек“ во пробивањето на портфолиото на компанијата на строгите странски пазари. Со регистрацијата на Реконазол, производ за третман на дерматолошки состојби во Обединетото Кралство, „Реплек“ го направи својот прв важен чекор за пласман на британскиот пазар. Одобрението за Реконазол (ketoconazole) 2% шампон е издадено од британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), регулаторно тело на Обединетото Кралство кое се смета за еден од најригорозните системи во светот во делот на оценка на квалитетот, безбедноста и ефикасноста на лековите. Регистрацијата е потврда дека овој лек на „Реплек“, како и производствените процеси на компанијата, ги исполнуваат највисоките меѓународни регулаторни стандарди.
Оваа регистрација ќе важи пет години, а првиот извоз ќе се реализира преку локален партнер кон крајот на овој месец. Реконазол (ketoconazole) 2% шампон е наменет за превенција и третман на инфекции предизвикани од габата Mallassezia, вклучувајќи состојби како првут, себороичен дерматитис и tinea versicolor.
„Регистрацијата на Реконазол во Обединетото Кралство е важна пресвртница за компанијата и јасна потврда за квалитетот, стручноста и зрелоста на нашите производствени и контролни процеси. ‚Реплек’ има развоен, регулаторен и тим за контрола на квалитетот способни да подготват технички документации, клинички податоци, извештаи за усогласеност со добра производствена и добра лабораториска пракса, како и квалитетни системи споредливи со меѓународни стандарди. Фактот што овој наш производ успешно ја помина строгата евалуација на MHRA дополнително ја засилува довербата во компанијата, и од пациентите, и од нашите партнери. Регистрацијата на лекот е дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив раст и континуирано зајакнување на присуството на развиените западни пазари“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.
Британскиот пазар е многу значаен глобален пазар, кој има јасни регулаторни барања и висока куповна моќ. Регистрацијата на медицински производ во Обединетото Кралство значи дека тој успешно ја поминал оваа ревизија, што ќе отвори врата и за настап на други развиени пазари во Западна Европа. Ова е уште еден доказ дека „Реплек“ располага со високоразвиени системи за контрола на квалитетот, способни да одговорат на барањата и на најпребирливите пазари. Регистрацијата на лек во Обединетото Кралство е силна референца која ја зголемува довербата и кај идните потенцијални партнери и дистрибутери, како и основа за натамошно ширење на портфолиото на меѓународните пазари. Со ова одобрение „Реплек“ уште посилно ја зацврстува својата позиција како сигурен и кредибилен фармацевтски производител, способен да одговори на највисоките регулаторни барања.
Неодамна „Реплек“ по петти пат го доби сертификатот EU GMP, потврдувајќи ја својата усогласеност со највисоките европски стандарди за добра производствена пракса, квалитет и безбедност. Континуираното унапредување на високите стандарди за квалитет и усогласеноста со европските регулативи се неразделен дел од корпоративната стратегија на „Реплек“. Квалитетот на производството се рефлектира и во финансиските резултати на компанијата за 2025 година, при што е постигнато значајно унапредување на профитабилноста, односно раст за 39% во однос на 2024 година.
(ПР)

