Македонија
Жестока тепачка меѓу пијан татко и семејството

Жестока тепачка, во која било употребено и ладно оружје, избила в понеделникот навечер помеѓу пијан татко и двајцата негови синови, кои застанале во одбрана на нивната мајка.
Жестока тепачка, во која било употребено и ладно оружје, избила в понеделникот навечер помеѓу пијан татко и двајцата негови синови, кои застанале во одбрана на нивната мајка.
Како што соопшти во вторникот МВР, во тепачката помеѓу таткото, на возраст од 50 години и синовите на возраст од 26 и 21 година, покрај тупаници и клоци, биле извадени нож и секира.
Причина за тепачката било тоа што лицето П.Т под дејство на алкохол и удрил шлаканица на неговата сопруга В.Т.
Учесниците во тепачката, која се случила во скопеското село Марино, завршиле со неколку осекотини и гребаници./крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кога ДУИ не може да краде, почнува со врескање и криење зад етничкото знаме

Во соопштение до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на настапите на ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека секогаш кога се соочува со одговорност за криминал и корупција, се крие зад етнички теми и меѓуетнички односи.
„Кога ДУИ не може да краде и кога конечно мора да одговара за криминалот, тогаш започнува врескањето: ‘нема правда за сите’, ‘загрозени се меѓуетничките односи’, ‘Албанците се на удар’“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Перински: Ветувањето на Владата влегува во завршна фаза и проектите го гледаат светлото на денот

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, дискутираше министерот за локална самоуправа Златко Перински, се осврна на работата на Владата и нејзината поддршката кон општините со цел да се мотивираат градоначалниците и општинската администрација за креирање на проекти согласно потребите на граѓаните.
-Оваа Влада даваше средства на сите локални самоуправи на база на проекти коишто ги добивме како инпут од самите локални самоуправи, сакавме да ги мотивираме градоначалниците, да ја мотивираме општинската администрација да креира проекти коишто ќе бидат издржани согласно потребите на граѓаните и врз основа на тоа да испорачаме средства од централниот буџет за истите да се реализираат, рече Перински.
Министерот посочи дека во првиот јавен повик има 288 проекти од кои веќе 137 се завршени, а од двата повика се изградени и реконструирани училишта, изградба на патна инфраструктура, како и изградба на градинки, и спортски објекти.
-Во првиот јавен повик имаме 288 проекти којшто се влезени во рамка на финансирање во вториот јавен повик веќе се склучени договори за 828 проекти коишто се ефектуираат на терен, од првиот јавен повик од оние 288 проекти, 137 се завршени, ветувањето на Владата влегува во завршна фаза и проектите го гледаат светлото на денот. Од првиот и од вториот јавен повик се изградија и реконструираа 55 училишта за само една година, имаме преку 702 проекти коишто се насочени кон подобрување или изградба на нова патна инфраструктура, имаме градинки, 9 градинки се реконструирани или се изградени, 36 спортски објекти, кога ќе видете дека од 288, 137 проекти се веќе завршени не може да не очекувате или не може да не бидете мотивиран да продолжите понатаму, нагласи Перински.
Македонија
Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодавниот дом, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи. До петокот на собраниската веб-страна освен брифингот со новинарите, Собранието немаше закажано други активности за следната недела.
Одморот на пратениците беше прекинат на 16 август кога беше свикана итна седница за Предлог на законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка кој не помина поради немање на Бадентерово мнозинство. Претходно, на 13 август седница одржа и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која формира Комисија за селекција на кандидатите за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Вообичаено одморот на пратениците започнува по Националниот празник Илинден.
Претседателот на Собранието Гаши на 9 август ги распиша локалните избори за 19 октомври. Се очекува Собранието да одржува пленарни седници и седници на комисиите до пред почетокот на кампањата за локалните избори на 29 септември.
На последниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието потсети дека законодавниот дом е во постојано заседание и дека доколку е потребно пратениците ќе бидат повикани за седници.