Спорт
Сколари го одби Јувентус

Бразилскиот фудбалски стратег Фелипе Сколари ја одбил понудата на италијанскиот гигант од Торино, пишува во недела вечер италијанскиот печат
Торинската „Стара дама“ е незадоволна од резултатите што ги псотигнува оваа сезона, па раководството на Јувентус му понудил на бразилскиот поранешен селектор Луис Фелипе Сколари да ја преземеекипата.Според италијанските мдиуми, Скопалри кој го води тимот на Бунјодкор од Узбекистан, ја одбил понудата на Јуве. Тој заработува 13 милиони евра по сезона, што го прави најскапо платениот тренер во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рекордна заработка: Интер ги трие рацете пред реваншот со Барса

„Лудило“ се очекува на трибините на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во Милано помеѓу Интер и Барселона, а италијанскиот клуб веќе ги трие рацете кога е во прашање заработката од продажба на билети.
Фудбалерите на двата тима ја кренаа атмосферата до точка на вриење со спектакуларен резултат во првиот натпревар (3:3), а навивачите на „нероаѕурите“ најавија незаборавна кореографија.
Беа побарани повеќе билети, а стадионот „Ѓузепе Меача“ беше распродаден одамна (максималниот капацитет е 80.018 седишта).
Нема сомнение дека двата клуба сонуваат и сакаат да стигнат до финалето, а италијанските медиуми објавуваат дека Интер веќе може да биде задоволен кога станува збор за заработката. Само од продажба на билети, црно-сините ќе инкасираат 14 милиони евра, што е рекорден приход во италијанскиот фудбал.
Секако, заработката ќе биде уште поголема кога ќе се додадат приходите од рекламирање, ТВ права и сè друго. Дури и да стигнат до финалето.
Реваншот започнува во 21:00 часот.
Спорт
Договорен првиот блокбастер трансфер

Флоријан Форц, доживеа метеорски успех во изминатите две сезони. Го привлече вниманието на најдобрите европски клубови, а според медиумите во Германија донел одлука околу идниот клуб.
Реал Мадрид и Манчестер сити важеа за најголеми фаворити во трката за потписот на Вирц. Спеак талентираниот играч за врска решил да не ја напушта Германија.
Дел од германските медиуми тврдат дека Вирц му кажал на тренерот Чаби Алонсо дека кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен. Со ова Баерн уште еднаш покажа дека е голем клуб со огромно влијание.
Во Минхен за услугите на Вирц подготвиле пакет „тежок“ 250 милиони евра. Вирц ќе добие петгодишен договор, вреден 20 милиони евра по сезона, а Баер Леверкузен од обесштетувањето ќе заработи 150 милиони евра.
Спорт
Чеферин: Срамна е состојбата на стадионите во Италија

Александар Чеферин ја критикуваше состојбата на стадионите во Италија и тврди дека таа е полоша во Италија отколку во која било друга голема фудбалска земја во Европа.
Пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во кој Интер ќе се сретне со Барселона, претседателот на УЕФА разговараше со „СпортМедијасет“, меѓу другото, зборуваше за стадионот „Џузепе Меаца“ и неуспешниот обид тој да биде местото каде што ќе се игра финалето на Лигата на шампионите.
„Мислам дека фудбалската инфраструктура во Италија е срамна“, рече Чеферин.
„Вие сте една од најголемите фудбалски земји, ги освоивте светските и европските првенства, Лигата на шампионите. А во исто време, имате најлоша инфраструктура меѓу големите фудбалски земји. Веќе сум малку уморен од овие приказни за инфраструктурата во Италија. Сè завршува само со приказни. Се надевам дека Италија ќе направи нешто. Клубовите имаат потреба од помош од државата, локалните заедници, па дури и од приватните инвеститори. Време е да се реагира, ситуацијата е исклучително лоша“, рече Чеферин и дополни дека е сигурен дека „Италија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2032 година“.
Сите очекуваат заедничката кандидатура на Турција и Италија да добие зелено светло за домаќинство на ЕП 2032, но најновите изјави од првиот човек на УЕФА се јасно предупредување до Италија дека треба посериозно да ја сфати работата што треба да се заврши.