Свет
Сменет гувернерот на сириската покраина Хомс
Сирискиот претседател Башар ал- Асад го смени гувернерот на провинцијата Хомс, во којашто минатата седмица вооружени лица отворија оган врз толпа луѓе, јавува новинската агенција Синхуа во петокот, повикувајќи се на сириска новинска агенција САНА
Според агенцијата, сирискиот лидер донел одлука да го разреши Газалех, кој тана гувернер во 2005 г., на барање на жителите на покраината Хомс На 1-ви април група вооружени мажи отворија оган врз толпата во сириските градови Хомс и Дума, при што загина една девојка. Башар ал-Асад на 23-ти март го смени и гувернерот на сириската покраина Дера’a, во времето на незадоволство на значителен дел од населението на покраината. Тој беше разрешен пет дена по избувнувањето на немирите. На 4-ти април за нов гувернер на провинцијата беше именуван Мухамед Халед ал-Ханус. Бранот протести и немири во Сирија започна на 18-ти март во областа на границата со Јордан, во градот Дера’a, а подоцна се прошири и во другите делови на земјата. Во безредијата загинаа повеќе од 50 луѓе. Новинските агенции цитирајќи очевидци известуваат за „масовните протести“ во сириските градови Дамаск, Дера’a, Хомс, Латакија, како и за растурање на демонстрациите со употреба на оружје. Од друга страна, пак, локалните медиуми тврдат дека ситуацијата во престолнината Дамаск е мирна.Судирите во Дара’а ескалираа кога демонстрантите се обидоа да ги соборат статуите на поранешниот претседател Хафез Асад по што го искинаа и големото пано со ликот на Башар Асад, кој е моментално претседател и син на Хафез.Претходно претседателот Асад ги повлече полицијата и војската од улиците во градовите на југот од земјата во обид да ги смири демонстрациите. Претходно групата којашто себеси се нарекува „Револуција во Сирија 2011“ преку социјалната мрежа Фејсбук беше раширен повик за „народно востание“ низ целата земја. Како што се наведува на интернет страницата, цел на оваа група е „постигнување слободата во Сирија“.Од почетокот на протестите илјадници луѓе учествуваа на протестниот марш во различни делови на Сирија, барајќи реформи и изразувајќи солидарност со жителите на градот Дараа.Според сириските власти, во протестите и судирите изминатава седмица во градот Дараа кој се наоѓа во близина на сириско-јорданската граница загинале 43 луѓе.Протестите во Сирија продолжуваат и покрај ветувањето на владата дека ќе зиврши итни економски и политички реформи во земјата. Пакетот мерки усвоен од страна на владејачката партија Баат вклучува итно укинување на законите за политички партии и за медиуми, со кои треба да се обезбеди поголема слобода на изразувањето во Сирија. Прифатените решенија, исто така, предвидуваат построга анти-корупциска политика, зголемување на платите на државните службеници, како и создавање нови работни местаМасакрот во Санамеин, јужно од престолнината Дамаск, кој во изминативе две седмици беше поприште на демонстрации и судири со безбедносните сили, се случи во средата. Бунтовниците запалија оган под споменикот на таткото на сегашниот претседател, Хафес ал-Асад, кој почина во 1980 г., што ги испровоцирало сите на редот да отворат оган со боева муниција. Санамеин се наоѓа на 40 километри северно од Дараа.Во Дераа, пак, илјадници луѓе присуствува на погребот на 37-те демонстранти кои во средата беа убиени од силите на претседателот Башир ал-Асад. И покрај огромно присуство на силите за безбедност и нивната подготвеност да користат сила при разбивањето на демонстрациите, во градот се собраа луѓе од речиси сите околни места.Демонстрантите во Дараа извикувале слогани против Мохар Асад, братот на претседателот, кој е командант на елитната Револуционерна гарда. Тие го повикуваа Мохар да не пука на демонстрантите, туку со своите трупи да ја ослободи висорамнината Голан, која Израел и ја одзема на Сирија во војната во 1967 г.Во Дамаск силите на редот приведоа повеќе десетици демонстранти, кои учествувале во кусите демонстрации. Во градот Хамс, се собрале повеќе стотици демонстранти, кои извикувале „ѕвони ѕвоното на слободата“, слоган кој се користеше при сите демонстрации на Блискиот исток. Во Хамс во 1982 г. сириските сили за безбедност задушија исламистичко востание, при што беа убиени илјадници луѓе.Дара’а е центар на земјоделски регион кој тешко настрада во изминативе неколку години поради се поголемиот недостиг од вода. Исто така, во регионот се пребегнати голем број на жители од источна Сирија, каде што сосема снема вода за пиење и наводнување.Демонстрациите во Сирија траат веќе две седмици, при што демонстрантите повикуваат на прекинување на корупцијата и на вонредната состојба која трае веќе 48 години. Сирија се наоѓа во постојана вонредна состојба откако во 1963 г. на власт дојде партијата Бат и донесе забрана за постоење на опозиција.Пред две седмици толпата во Дара’a запали зграда на суд и седиштето на владејачката партија. Протестите стануваат се’ поголема закана за претседателот Башир Асад, кој на функцијата го наследи својот татко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

