Контакт

Европа

Сепаратистичките парии договорија формирање влада на Каталонија

Објавено пред

Коалицијата на каталонските партии „Заедно за Да“ којашто бара независност на североисточната покраина од Шпанија и антикапиталистичката сепаратистичка партија CUP постигнаа во вторник начелен договор за формирање влада во Каталонија, со што треба да бидат завршени преговорите кои траеја три месеца.

dobivaj vesti na viber

Двете формации преговараат од 27-ми септември кога беа одржани регионалните избори на коишто победи коалицијата „Заедно за Да“, но поради недоволниот број мандати за просто мнозинство потребна ѝ е поддршката од Кандидатурата на националното единство (CUP).

Оваа лева партија, којашто исто така се залага за независност на Каталонија, досега го одбиваше предлогот Артур Мас, досегашниот конзервативен претседател на покраината од победничката коалиција, да добие нов четиригодишен мандат, но нивниот преговарачки тим го прифатил во вторникот најновиот предлог. Него во неделата мора да го потврди собранието на партијата, а доколку се изненадување и тој да биде одбиен, крајниот рок за формирање на владата останување на 7-ми јануари. Во спротивно, ќе се одржат нови избори.

„Нашиот предлог не е избор на претседател, туку создавање преодно претседателство“, изјави на прес-конференцијата Раул Ромева, преговарачот во име на коалицијата „Заедно за Да“.

Тој преоден период во кој Мас би бил претседател заедно со уште тројца потпретседатели, би требало да трае 18 месеци додека не се прогласи Република Каталонија, по што имаат намера во покраината со 7,5 милиони жители да спроведат нови избори, независно од Шпанија.

Договорот на каталонските сепаратисти следеше два дена по парламентарните избори во Шпанија на кои победи досега владејачката конзервативната Народна партија на премиерот Маријано Рахој но го изгуби апсолутното мнозинство и тешко ќе може да направи коалиција за да остане на власта. Рахој досега жестоко се противеше на референдумот за независноста на Каталонија, а по изборите ги повика панските партии на заедништво за зачувување на целоста на земјата.

Со него во тоа се согласува партијата Граѓани (Ciudadanos) која во неделата стана четврта политичка сила во земјата освојувајќи 40 пратенички мандати. Народната партија и Граѓани заедно би имале 163 места, 13 помалку од потребните 176 за надполовично мнозинство со кое би можеле непречено да носат одлуки.

Во ноември шпанскиот Уставен суд едногласно ја блокираше каталонската резолуција за независност. Според уставот од 1978 година, кога Шпанија по диктатурата на Франко влезе во демократската ера, референдумите може да се организираат единствено на ниво на целата земја.

Но Подемос, партијата која се противи на строгите мерки за штедење, освои во неделата 69 пратеници, најавувајќи дека ќе ги поддржи оние партии кои ќе се залагаат за територијално преуредување на Шпанија, а нејзиниот лидер Пабло Иглезијас истакна дека шпанската е повеќенационална држава и го поддржи каталонскиот референдум. И најголемата опозициска партија, социјалистичката PSOE се залага за промена на шпанскиот устав, но се противи на отцепувањето на Каталонија

Овие две партии заедно може да имаат 159 мандати, а заедно со Обединетата левица 161 пратеник, со што повторно и нив би им недостигале дополнителни пратеници за евентуално формирање влада.

Клучни, така би можеле да станат сепаратистичките формации од покраините Каталонија Баскија и Канарските острови, кои освоија вкупно 26 пратенички места во долниот дом на шпанскиот парламент. Меѓутоа, во горниот дом – Сенатот, каде седат претставниците на покраините. Народната партија го задржа мнозинството со 124 од 208 мандати./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Европа

Зеленски: Подготвени сме да купиме 10 системи „Патриот“, само треба да најдеме средства

Објавено пред

Украина работи на обезбедување испорака на десет системи за воздушна одбрана „Патриот“, а исто така е важно системите веднаш да пристигнат со ракетите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, како што објави УНН.

dobivaj vesti na viber

„Имаме барање за десет системи. Ова го кажав јавно. Моментно работиме со партнери за да ги обезбедиме овие десет. Исто така, работиме на прашањето за ракетите, ги имаме“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде и дека САД ќе ѝ продадат системи „Патриот“ на Украина. Украина мора да најде средства за сите десет системи.

„Трамп, претседателот на САД, ќе ни ги пренесе системите, ќе ни ги продаде. Наша задача е да најдеме пари за сите десет системи. Би сакале веднаш да имаме пакет ракети за секој систем“, истакна претседателот.

Тој исто така истакна дека Германија моментно ја потврдила испораката на два система „Патриот“, а Норвешка – еден.

„Официјално добив потврда од Германија за два система, од Норвешка – еден. Сега работиме со холандски партнери“, додаде Зеленски.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Макрон тужи американска конзервативка, која тврди дека Брижит е маж

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит поднесоа тужба против Американката Кандис Овенс поради тврдење дека првата дама на Франција е, всушност, маж.

dobivaj vesti na viber

Тужбата е поднесена во американската држава Делавер и содржи 22 точки од обвинението, а двојката бара парична отштета за клевета и отштета.

Кандис е конзервативна авторка, водителка, политички коментатор и активистка. Таа е позната по својата активна поддршка на Трамп за време на неговиот последен мандат. Сепак, неодамна јавно се дистанцира од него. Таа постојано изјавуваше дека тој ја разочарал и дека сега „се срами што некогаш го поддржувала“. Таа ги критикува неговите политички потези и го обвини дека ги предаде принципите што тој вети дека ќе ги брани.

Според адвокатот на Макрон, Том Клер, францускиот претседател и неговата сопруга повеќе од една година безуспешно се обидуваат да ја спречат Овенс, која шири теории на заговор за Брижит на социјалните медиуми и на „Јутјуб“.

Во март оваа година Овенс објави видео со наслов „Дали првата дама на Франција е маж?“, кое беше масовно споделувано на платформата „Икс“. Во него таа тврдеше дека тоа е „најголемиот политички скандал во историјата“.

Потоа таа продолжила да објавува содржини за Брижит вклучувајќи серија видеа наречени „Станувајќи Брижит“. Таа исто така продавала маички со слогани што ја промовираат теоријата, според тужбата. Емануел и Брижит тврдат дека Овенс била повеќе пати замолувана да престане да ги изнесува овие тврдења и ѝ дале докази дека Брижит е родена како жена по име Брижит Троње, дека не е во роднинска врска со Емануел Макрон и дека тие не се под никакво влијание, како што инсинуира Овенс.

„Ова не е само политички удар. Ова е лично. И двајцата се човечки суштества, имаат брак, семејства и чувства. И ова ги засега“, изјави адвокатот Клер за Си-ен-ен.

Во тужбата се тврди дека Макрон и неговата сопруга претрпеле сериозни штети – нивната приватност, углед и деловните можности биле нарушени. „Секојпат кога ќе ја напуштат куќата, тие знаат дека многу луѓе веруваат во овие лаги. Тоа е понижувачки, инвазивно и, едноставно, неправедно“, се вели во документот.

Овенс сè уште продолжува
Кога дознала за тужбата, Овенс се појавила на „Јутјуб“. Таа објавила видео, во кое, меѓу другото, рекла дека е подготвена да ја добие оваа војна. „Мажот Брижит очигледно има многу храброст“, рекла таа.

Таа исто така објави фотографија од двојката Макрон на „Инстаграм“ со порака: „Денес ќе ја земам оваа перика. Останете со мене“. Подоцна, на „Јутјуб“ изјави дека тужбата е „очаен обид да се спаси нејзиниот имиџ“.

Брижит Макрон се соочила со слични обвинувања и претходно – во 2022 година таа тужеше две жени во Франција, кои ширеа слични дезинформации. Првично ја доби пресудата, но случајот сега е вратен на повисок суд.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Објавено пред

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата.

dobivaj vesti na viber

Остатоците од патничкиот авион се пронајдени на 15 километри од Тинда, планираната дестинација. SHOT објаснува дека хеликоптерот за пребарување не можел да слета во близина на местото на несреќата, па затоа спасувачите ќе мора да стигнат таму пеш.

„РИА новости“, повикувајќи се на извори, пишува дека, според прелиминарните податоци, нема преживеани.

Гувернерот на регионот, Василиј Орлов, изјави дека, според прелиминарните податоци, во авионот имало 43 патници, меѓу кои пет деца и шест члена на екипажот.

Министерството за вонредни ситуации го процени бројот на луѓе во авионот малку помал, на 40-ина.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата,...

Македонија2 часа

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина...

Uncategorized5 часа

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион6 часа

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија7 часа

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...

Свет19 часа

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија20 часа

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија23 часа

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет23 часа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...

Македонија1 ден

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...

Македонија1 ден

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години...

Uncategorized1 ден

Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија1 ден

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го...

Македонија2 дена

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ...

Македонија2 дена

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани...

Македонија2 дена

Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувaла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше...

Топ2 дена

Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба. Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотизам, следната година ќе има поробусна акција од сегашната

Уште поробусна акција за подобрување на демографската слика на земјава најави премиерот Христијан Мицкоски за следната година во споредба се...

Македонија2 дена

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ2 дена

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...