Свет
Талибаните најпрвин да се разоружаат, потоа мировни преговори
Поранешниот шеф на авганистанската разузнавачка служба Амрула Салех изјави дека преговорите со талибаните ќе доведат до катастрофа, ако претходно тие не бидат целосно разоружени, пренесува Асошиејтед пресСалех, кој беше на чело на службата од 2004 до почетокот на годинава смета дека клучот за мирот со талибаните е да се пресече нивната поддршка од Пакистан и групата најпрвин да се разоружа и да се расформира, пред да им се дозволи да дејствуваат како политичка партија.Салех истакнува дека САД на Пакистан треба да му дадат краен рок до јули 2011 година да ги уапси лидерите на бунтовниците кои се наоѓаат во државата или да му се закани дека ќе испратат американски војници да ја завршат работата. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ одржува контрамитинг во Јагодина
Александар Вучиќ одржува контрамитинг во Јагодина.
Како што пренесува РТС, тој на насобраните им рекол дека е свесен за тежината на моментот во кој се нашле.
На студентите им порача „книги, а не знамиња“ и ги покани да разговараат, како и да кажат кое од барањата не е исполнето за да се исполни.
Регион
Студент: Го блокиравме автобусот што одеше на собирот на Вучиќ, не растераа 60 полицајци
Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, ги повикаа српските граѓани денеска да излезат на генерален штрајк.
Студентот Вељко Вучетиќ изјави дека толпата запрела автобус кој требало да оди на митинг организиран од српскиот претседател Александар Вучиќ и СНС во Јагодина.
„Не го запревме сообраќајот, туку еден автобус, стоевме таму 45 минути, дојде бригада со 60 полицајци и не растера под изговор дека го блокираат сообраќајот“, изјави студентот за Н1 Србија.
Тој додаде дека остануваат во Автокоманда „додека повторно не бидат растерани“.
„Ние стоиме овде без намера да си заминеме. Можам да им се заблагодарам на сите луѓе, студенти, граѓани, што го почитуваа генералниот штрајк, стојат покрај сите нас и постојано не поддржуваат“, кажа студентот.
Европа
Путин: Најдобро би било јас и Трамп да се сретнеме
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој и Доналд Трамп треба да се сретнат за да разговараат за војната во Украина и цените на енергијата, прашања што американскиот претседател ги истакна во првите пет дена од неговата нова администрација.
Путин, сепак, рече дека не може да има сериозни мировни преговори со Украина, освен ако Западот не се потпре на претседателот Володимир Зеленски за да го поништи декретот од 2022 година со кој се забрануваат преговори со рускиот лидер.
Путин го опиша Трамп, кој оваа недела и се закани на Русија со нови санкции и царини доколку не преговара за крај на војната, како паметен и прагматичен. Тој рече дека не очекува американскиот претседател да носи одлуки за санкции кои би влијаеле на американската економија.
„Затоа, најверојатно ќе биде подобро да се сретнеме, врз основа на денешната реалност, мирно да разговараме за сите оние области важни за САД и за Русија. Ние сме подготвени“, рече тој, додавајќи дека тоа зависи од изборот на американската страна.
Тоа беше најсилниот показател досега од Кремљ дека сака предвремен самит со Трамп по три години практично никаков контакт на високо ниво со западните лидери за војната во Украина.