Компании
Групацијата Lloyds Banking казнета со 370 млн долари за манипулации со либорот
Британската финансиска групација „Lloyds Banking“постигна спогодба со американските и британските регулатори по што ќе плати вкупно 370 милиони американски долари казна поради нејзината вмешаност во глобалниот скандал со либорот и манипулациите со провизиите поврзани за шемата на кредитирање коишто ги овозможувала владата на Велика Британија.
Британската финансиска групација „Lloyds Banking“постигна спогодба со американските и британските регулатори по што ќе плати вкупно 370 милиони американски долари казна поради нејзината вмешаност во глобалниот скандал со либорот и манипулациите со провизиите поврзани за шемата на кредитирање коишто ги овозможувала владата на Велика Британија.
Оваа спогодба е седмата по ред заедничка казна којашто ја одредуваат американските и британските регулатори во врска за манипулациите со либорот (лондонската меѓубанкарска понудбена каматна стапка), како и со другите клучни каматни стапки, кои се користат за одредување на цените на финансиските производи низ целиот свет, проценети на околу 450 илјади милијарди американски долари.
Спогодбата на „Lloyds Banking“ се надоврзува со истите што ги постигнаа неговите британски ривали „Barclays“ и „Royal Bank of Scotland (RBS)“, кои се согласија да платат парична казна од 453 милиони долари, односно 612 милиони, во 2012-та и во 2013 година.
Вкупната казна за „Lloyds“ ја прават 105 милиони британски фунти (178 милиони американски долари) глоба за британскиот регулатор и 105 милиони долари за американските регулаторни власти, како и 86 милиони долари кои ги одреди американското министерство за правосудство.
Британскиот регулатор објави дека вкупната казна вклучува и 70 милиони фунти глоба поради обидот да е манипулира со надоместоците кои и’ се плаќаат на британската централна банка за учество во специјалната програма за ликвидноста, шема на британската влада поддржана со парите од даночните обврзници за поткрепа на британските банки во време на финансиската криза.
„Тие компании беа значајни корисници на финансиската помош на централната банка Bank of England од споменатата програма. Неприфатливо е тајното договарање за да им се оди во полза на компаниите, а на сметка на британските даночни обврзници“, порача функционерката на британската регулаторна агенција, Трејси Мекдермот./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)