Свет
Барак Обама има одлично здравје

Претседателот на САД, Барак Обама го намалил нивото на холестерол и престана да пуши така што во 50-та година има „одлично здравје и е подготвен за работа“, објави Бeлaта куќа според податоците од неговите лекари.
Претседателот на САД, Барак Обама го намалил нивото на холестерол и престана да пуши така што во 50-та година има „одлично здравје и е подготвен за работа“, објави Бeлaта куќа според податоците од неговите лекари.Според лекарот Џефри Кулмен, претседателот Обама „не пуши, активен е, се храни здраво, ја задржува тежината којашто му одговара и е добра за неговото здравје, нередовно и умерено потпивнува малку алкохол“.Медицинските наоди за претседателот Обама покажуваат вкупно нивo на холестерол од 193 мг на децилитар крв, што е помалку отколку што имаше во февруари 2010 година кога овој податок изнесуваше 209 мг/дц. Тогаш лекарот Кулман му советуваше на претседателот на САД малку да го промени режимот на исхраната. При претходниот систематски преглед на Обама, лекарот му советуваше „и натаму да настојува да престане да пуши“. Белата куќа сега тврди дека претседателот повеќе не фаќа цигари, и покрај стресот предизвикан од функцијата што ја извршува. „Претседателот е со одлично здравје и е подготвен за работа. Сите наоди покажуваат дека така ќе остане до крајот на мандатот“, заклучи лекарот Кулман. Во соопштението што во понеделникот го издаде Белата куќа, се наведува и дека претседателот Обама нема потреба од очила, дека е висок 182 цм а тежок 82 кгр./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Очекуваме почеток на преговорите за пристапување во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека имал телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и дека ѝ се заблагодарил за нејзината солидарност со Украинците по нападот на Русија врз Украина.
Зеленски потсети дека главна цел на нападот бил Киев, како и дека се во тек операции за пребарување и спасување.
Тој изјави дека разговарал со претседателот на ЕК за дипломатска работа за „запирање на убиствата и руската агресија воопшто“, како и за гарантирање на вистинска безбедност за Украинците.
„Разговаравме и за нашиот пат кон европска интеграција, за истовременото отворање на преговарачкиот кластер за Украина и Молдавија. Очекуваме позитивна одлука во блиска иднина“, нагласи Зеленски, пренесува порталот РБК Украина.
Зеленски нагласи дека сè додека Русија не преземе вистински чекори кон мирот, притисокот врз неа мора да се зголеми.
Како што изјави, фон дер Лајен го информирала за подготовката на нов пакет санкции и координацијата со другите партнери.
Фото: принтскрин
Свет
Стармер: Путин го саботира мирот, зградата на Британскиот совет во Киев беше бомбардирана

Британскиот премиер Кир Стармер го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „го саботира мирот“ откако руските сили испукаа две ракети кон зградата на Британскиот совет во Киев утрово.
Премиерот потврди дека канцелариите на Британскиот совет биле погодени и додаде дека сочувствува со „сите погодени од бесмислените руски напади врз Киев“.
„Путин убива деца и цивили и ги саботира надежите за мир. Ова крвопролевање мора да заврши“, напиша Стармер на платформата X.
Британскиот совет, кој нуди програми на англиски јазик за Украинците во главниот град, соопшти дека неговите канцеларии се „сериозно оштетени“ и дека еден ноќен чувар е повреден. Во јуни, Москва им забрани на граѓаните да работат со институцијата, тврдејќи дека тоа е параван за британски шпиони.
Зградата во која се наоѓа делегацијата на Европската Унија во Киев, исто така, беше тешко оштетена во нападите, според официјални лица на ЕУ, кои го нарекоа нападот „намерен“.
Русија испали вкупно 629 дронови и 31 ракета, при што загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи четири деца, јавуваат светските медиуми.
Русија тврди дека во синоќешните напади гаѓала воени објекти користејќи хиперсонични ракети.
Фото: принтскрин
Регион
15-годишно девојче загина по удар од автобус во Земун, повредени се неколку лица

15-годишно девојче загина денеска во сообраќајна несреќа во Земун, додека четири лица се пренесени во болница, меѓу кои бремена жена и шестгодишно дете, пишуваат медиумите во регионот.
Девојчето што починало било удрено од автобус, по што се судриле три патнички возила, според Танјуг.
Според сведоците, жена трчала преку улицата, а возачот на автобусот се обидел да ја избегне, па всушност преминал на тротоарот, каде што го удрил детето.
И јавното комунално претпријатие GSP се огласи по повод тешката сообраќајна несреќа во Земун во која девојче (15) почина кога беше удрено од автобус а неколку лица беа повредени, стои во написите на српските медиуми.
„Денес околу 12:20 часот, на улицата Цар Душан на број 136, се случи тешка сообраќајна несреќа со смртоносен исход и неколку полесни повреди. Во оваа несреќа учествуваа неколку патнички возила и автобус од линија 18 што ја напушти гаражата и се упати кон терминалот за да се вклучи во сообраќајот. Околностите под кои се случи оваа сообраќајна несреќа се уште се непознати и полицијата работи на нивно утврдување“, изјави GSP.
Како што пишува „Телеграф“, автобусот се обидел да избегне жена која трчала преку улицата надвор од пешачкиот премин, поради што свтел на тротоарот, удирајќи го девојчето кое завршило под возилото. На патот, тој удрил во неколку паркирани автомобили, а потоа се забил во порта на куќата.
Телото на девојчето било извлечено од под автобусот од пожарникари, а екипите за итни случаи можеле само да констатираат смрт. Во несреќата биле повредени десет лица, меѓу кои деветмесечна бремена жена, мајка и шестгодишно дете, 74-годишна жена.
Фото: принтскрин