Македонија
Бадник и Божик- неработни
Министерството за труд и социјална политика информира дека согласно со законот за празници, 6 и 7 јануари се прогласуваат за неработни денови за сите верници од христијанската вероисповед.Православните верници на 6 јануари го празнуваат Бадник,
Министерството за труд и социјална политика информира дека согласно со законот за празници, 6 и 7 јануари се прогласуваат за неработни денови за сите верници од христијанската вероисповед.Православните верници на 6 јануари го празнуваат Бадник, или познат меѓу народот како предвесник на Христовото раѓање. На овој ден завршуваат и Божикните пости во очи на најголемиот христијански празник, Христовото раѓање или Божик.Министерството за труд и социјална политика на сите верници од православна вероисповест им ги честита празниците./крај/со/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Арсовска на оглас бара стручњаци кои ќе ги реализираат активностите за Скопје 2028 – европска престолнина на културата
Градоначалничката на Град Скопје, распиша јавен повик за избор на независни стручни лица – членови на телото Скопје ЕПК 2028, чија цел е водење, спроведување и координација на активностите кои произлегуваат од титулата Скопје 2028 Европска престолнина на културата.
Јавниот повик е отворен за учество за физички лица со живеалиште на територија на Град Скопје кои имаат значително искуство во една или повеќе области по повикот со кои ќе придонесат за успешна реализација на Скопје 2028 Европска престолнина на културата и тоа во изведбена уметност, музичка уметност, визуелна уметност и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културно наследство, креативни индустрии, применета уметност и општествени науки, се вели во објавата.
Повеќе информации за јавниот повик на линкот.
Македонија
Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина поддршка, општините да подготвуваат нови проекти
Од почетокт на следната година општините да започнат да подготвуваат проекти за инфраструктура што ќе се финансираат од новиот пакет од 250 милиони евра, поддршка за општините, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој истакна дека од владината поддршка од 100 милиони евра, голем дел од општините веќе распишале тендери за поднесените проекти и се очекува истите уште од следниот месец да започнат да се реализираат.
„Најголем дел од општниите кои што добија средства од Владата и тоа најголем дел преку Министерството за транспорт веќе ги распишаа јавните набавки и тие се активни во овој момент. Очекуваме на почетокот на декември да имаат избрано изведувачи и доколку не послужи времето да почнат и во декември да работат.
Гледате дека воведуваме иновативни методи за работа, на пример на автопатот Охрид – Кичево ќе се работи цела зима преку таканаречено зимско асфалтирање. Така што со слични иновативни методи очекувам и општините во текот на зимата да работат и да се гледаат брзо резултатите, а веќе од јануари да се подготват за еден голем пакет од 250 милиони евра за проекти“, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Македонија
Македонски Концепт: Бараме поддршка од стручната јавност и претприемачите за балансиран буџет
„Потребата од одговорното управување со јавните финансии, стои највисоко во нашите политики, за што како политичка партија Македонски Концепт бараме поддршка од стручната јавност и претриемачите за конечно донесување на балансиран буџет во Република Македонија. Тоа значи намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со цел да избегнеме прекумерно задолжување“, велат од Македонски Концепт.
„Подржуваме политики за рационализација на трошоците, строго управување со јавните средства и минимизирање на непотребните или неефикасни трошоци. Одржување на ниски даноци за да се поттикне економската активност, балансирање на приходите преку проширување на даночната основа и легализација на сивата и делови од црната економија.
Доколку ја немаме вашата поддршка, ние не сме во можност да спроведуваме политики кон обезбедување на долгорочна економска стабилност и одржливост на јавните финансии. Особено не ќе можеме да го ограничиме владиното вмешување во економијата и ставање на акцент на вас претриемначите, со цел приватниот сектор да стане двигател на растот. Само со заедничко дејствување, можеме да постигнеме зголемена отчетност и транспарентност во управувањето со јавните ресурси, за да ја спречиме корупција и злоупотребите на владините функционери.
Оваа филозофија на соработка помеѓу политичката партија и претриемачите е особено важна за Македонија како земја која се соочуваат со фискални предизвици, со цел да обезбедиме економска стабилност и доверба кај граѓаните и инвеститорите. Вие сте на потег. Ние стоиме на ваше располагање“, соопшти Македонски Концепт.