Македонија
ДКСК:Владата не одговорила кој ги гради спомениците на плоштадот
Во врска со спомениците што треба да се постават на градскиот плоштад и околу него, имаме упатено писмо до Владата уште пред да се промовира проектот „Скопје 2014“, но се уште немаме добиено одговор.
Во врска со спомениците што треба да се постават на градскиот плоштад и околу него, имаме упатено писмо до Владата уште пред да се промовира проектот „Скопје 2014“, но се уште немаме добиено одговор. Ова, во интервјуто за Радио Слободна Европа, го изјави претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата(ДКСК) Илми Селами. „Ќе ургираме да добиеме одговор за тоа во која форма и во каква постапка се избрани луѓето што ќе ги изработуваат спомениците, бидејќи имаме некои наводи дека тие што учествуваат во градењето, леењето итн., работат со непомината тендерска постапка. Ние сето тоа ќе го провериме и се надевам дека ќе добиеме многу брз одговор и ќе се произнесеме. Доколку не добиеме брз одговор, јавноста ќе знае дека Владата не нè известила за одреден предмет. Но претпоставувам дека до тоа нема да дојде“, вели Селами. /крај/рсе/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.