Контакт

Македонија

Одложен судскиот процес Велес против државата

Објавено пред

За судскиот процес Велес против државата од загадувањето на Топилницата, основниот суд Велес бара дополнителни докази

dobivaj vesti na viber

Судот не ги признава резултатите од испитувањата на експертите туку бара резултати од релевантни судски вештаци. Тие треба  да потврдат кои се површините  за ремедијација и колку е загадено земјиштето  со олово,  цинк и други  метали од тридецениското работење на Топилницата. Судот го задолжи тужителот во рок од осум дена да достави имотен лист за сопственоста на земјиштето на кое се наоѓаат над 900 илјади тони троска од Топилницата и кој стопанисува со неа. „Во овој случај ние сметаме дека сме обесправената страна како граѓани на Велес. После 40 години беше редно државата барем еднаш да покаже грижа и самата да ги сноси трошоците, но за жал тоа не се случува. Останува сега да видиме дали ние како тужителите ќе можеме да  ги сносиме трошоците за испитувањата што ги бара судот“, рече Ненад Коциќ, претседател на ЕД Вила Зора.Екологистите велат дека вештачењето тешко може да се спроведе, бидејќи поголемиот дел од нивите на кои треба да се врши испитување се во приватна сопственост и се наоѓаат во близина на Топилницата, Башино село и велешките бавчи. Со судскиот спор, кој трае неколку години, велешани најнапред бараа државата да им плати оштета за последиците од труењето, но подоцна се откажаа од тоа. Сега бараат само да се исчисти земјата од тешките метали, троската да се премести од сегашната локација и никогаш повеќе да не се рестартира Топилницата.

Македонија

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Објавено пред

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -9 степени, -8 било на Попова Шапка, -6 во Дебар, -5 во Штип и Крива Паланка, -4 во Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Виница и Тетово, -3 во Прилеп и Куманово, -2 во Скопје-Петровец, Битола, Гевгелија, Маврови Анови и Крушево, -1 во Скопје-Зајчев Рид и Велес, 0 во Охрид и Претор.

dobivaj vesti na viber

Висината на снежната покривка во седум часот утрово била 54 сантиметри на Попова Шапка, 48 во Маврови Анови, 31 во Крушево, 22 во Битола, 20 во Дебар, 15 во Тетово, 11 во Штип, 10 во Берово, 8 во Демир Капија, 6 во Прилеп, 3 во Крива Паланка и Претор, 1 во Струмица.

Времето денеска

Сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.

Во Скопје сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност и со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Прикажи повеќе...

Скопје

Дел од Карпош денеска без вода

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради отстранување дефект во шахта (промена на вентил од ф3/4“ – цол ) на улицата Ванчо Мицков бр. 18, општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од истата улица.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Даути поднесе оставка по интерпелацијата

Објавено пред

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка од функцијата во собраниската комисија.

dobivaj vesti na viber

Даути инсистираше да ја образложи оставката, но откако ѝ беше укажано дека тоа не е дозволено со Деловникот, таа одбиваше да ја напушти говорницата, па претседателот на Собранието, Африм Гаши даде пауза. По продолжението на седницата Даути ја образложи својата оставка.

Од Европскиот фронт посочија дека ќе ја почитуваат одлуката на Илире Даути и го осудија потегот на Гаши.

Од „Влен“ попладнево велат дека оставката е признавање на слабост и показател за неодговорност.

„Илире Даути, позната во својот клуб како челичната дама, денеска стана ‘рѓосана заедно со целиот Европски Фронт, прифаќајќи ја нејзината оставка и жалејќи што помогнала да се блокира Законот за бранителите. Иако главниот товар за оваа блокада го понесе претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој доби кривична пријава од Левица за покажаната решителност во блокирањето на овој преполовен закон предложен од опозицискиот партнер на ДУИ, СДСМ. Решиле да ги остават ВЛЕН и Африм Гаши сами во оваа битка. Но, ова воопшто не ја расипува работата, бидејќи, како што ја започнавме оваа битка одделно, така и ќе ја продолжиме на сличен начин“, велат од „Влен“.

Од тука потсетија дека како пратеничка група гласаа против интерпелацијата на Илире Даути, а таа самата ce разрешила за да биде виктимизирана, затоа што тоа е единствената улога што знае најдобро да ја одигра.

„Виктимизацијата не може да ги спаси од каењето по обидот да помогнат во блокирањето на Законот за Бранителите. Таа врескаше во Собранието со зборовите: ‘гонете се’, додека не замина сама. Илире, кога не си способна и немаш потенцијал да ја водиш Комисијата, најдобро е по твојата оставка од Комисијата да следи и оставка од Собранието“, додаде „Влен“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Зеленски до Фицо: Пукаа во тебе зошто не прости?

„Словачката влада игра многу опасна игра критикувајќи ја воената поддршка на Западот за Украина и приближувајќи се кон Русија“, изјави...

Регион3 часа

(Видео) Илјадници студенти протестираа во Подгорица

Неколку илјади демонстранти се собраа вчера во Подгорица барајќи оставка од лидерите на црногорската влада кои раководат со безбедносниот сектор,...

Свет3 часа

Канцеларијата на Нетанјаху го потврди договорот за ослободување на заложниците

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека „постигнал договор за ослободување на заложниците“ кои се држат во Појасот Газа,...

Свет3 часа

Пронајдени пердуви и крв во моторите на авионот во кој загинаа 179 луѓе

Истражителите пронашле птичји пердуви и крв во двата мотори на авионот Jeju Air што се урна во Јужна Кореја на...

Свет15 часа

Израел сè уште нема да објави прекин на огнот во Газа поради условите што ги поствил Хамас

Израел нема да објави официјален крај на непријателствата во Појасот Газа додека Хамас не ги повлече условите наметнати во последен...

Македонија15 часа

Даути поднесе оставка по интерпелацијата

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка...

Македонија16 часа

За повеќе oд три пати зголемен бројот на заболени од грип за една недела

За повеќе од три пати е забележано зголемување кај бројот на заболени од грип во споредба првата недела од јануари,...

Македонија20 часа

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ во случајот во кој партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија20 часа

Во најдолгиот месец од годината 988 вработени во инспекторатите сè уште немаат плата, Деаноски го обвини Министерството за финансии

Вработените во сите инспекторати во државата сè уште чекаат плата иако измина законски предвидениот рок за исплата. За доцнењето на...

Македонија20 часа

Владата да сакаше дијалог, денес немаше да сме на улица, рече Деаноски на третиот ден од протестите за повисоки плати на административците

Трет ден по ред вработените во неколку министерства и државни институции излегоа на получасовен протест за 30 отсто поголема плата...

Македонија22 часа

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело...

Македонија24 часа

Дрин Ахмети во „ролс-ројс“, Мијалков во „ферари“, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ, велат од „Влен“

„Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како...

Свет1 ден

(Видео) По договорот за прекин на огнот во Газа, наголемо се шират зборовите на Трамп од пред еден месец: „Ќе има целосен пекол!“

И американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, и новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, ја преземаат заслугата за решавање на кризата во...

Македонија1 ден

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови

Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4...

Европа1 ден

Путин игра на картата крај на војната: услови за Украина, кои би означиле траен крај на конфликтот

Русија ќе бара Украина драстично да ги намали воените врски со НАТО и да стане неутрална држава со ограничена армија...

Свет1 ден

(Видео) Израелскиот претседател Исак Херцог се огласи по договорот со Хамас: „Ова не е едноставна ситуација“

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави вчера вечер дека постигнатиот договор со палестинскиот Хамас е „важен чекор“ и е неопходен за...

Свет1 ден

Трудо за одговорот на царините на Трамп: Ништо не е исклучено

Канада ќе ги разгледа сите можни опции, вклучително и контратарифи, доколку новиот американски претседател Доналд Трамп не се откаже од...

Свет1 ден

(Видео) Бајден одржа проштален говор, предупреди за создавање опасна олигархија

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во својот проштален говор предупреди за „опасна олигархија што се појавува во Америка“. Со...

Свет1 ден

Семејствата на заложниците се задоволни од договорот за прекин на огнот, но стравуваат од можноста да не биде целосно имплементиран

Семејствата на израелските заложници со радост и олеснување ја дочекаа веста за договорот помеѓу Израел и Хамас со кој ќе...

Свет2 дена

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе стапи во сила во недела, објави катарскиот премиер

Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани одржа прес-конференција во Доха на која потврди дека е постигнат договор за...