Економија
Еврото останува ранливо

Еврото во петокот поддршката за јакнење ја добиваше од информациите дека Кина преку новиот инвестициски фонд може да им помогне на презадолжените членки од еврозоната, иако инвеститорите и натаму се сомничави во скорешно надминување на должничката криза.
Еврото во петокот поддршката за јакнење ја добиваше од информациите дека Кина преку новиот инвестициски фонд може да им помогне на презадолжените членки од еврозоната, иако инвеститорите и натаму се сомничави во скорешно надминување на должничката криза. Вестите од кина накусо го подигнаа еврото на најголемото ниво во денот од 1,343 долари за потоа залетот да забави и со него да се тргува по 1,3405 американски долари. Во текот на денот значи единствената европска валута била во добивка од 0,4 отсто. Во речиси идентичен процент еврото зајакна и во однос на јапонскиот јен и со него се тргуваше за 104,11 јени.Поддршката на еврото му дадоа плановите на кинеската централна банка да формира фонда за управување со инвестиции во вредност од 300 милијарди евра, од кои според изворите на Reuters кој ја проследи информацијата, половината би биле насочени кон САД а другата половина кон Европа. Според изворите на агенцијата, станува збор за планови коишто кинеските власти ги осмислиле многу пред да започне должничката криза во еврозоната, а нивната цел е да се подобрат приносите на кинеските девизни резерви. Во претходното тргување во петокот, еврото не реагираше на договорот на лидерите на повеќето земји членки на ЕУ за построго спроведување на буџетските прописи во еврозоната, бидејќи тоа не ги измени ставовите на инвеститорите дека нема да има скорешно решение за должничката криза во еврозоната. Иако е постигнат одреден напредок во поглед на изнаоѓањето решение за должничката криза, аналитичарите сметаат дека не е за верување оти челниците на ЕУ сториле доволно за да ја уверат Европската централна банка (ECB) значително да ги зголеми сумите за купување на државните обврзници на презадолжените земји за да се стабилизираат нивните пазари на обврзници. Првиот човек на ECB Марио Драги во петокот го поздрави фискалниот план, но учесниците на пазарите забележаа дека по состанокот во четвртокот тој малку даде за да се насети дека банката ќе го интензивира купувањето на државните обврзници на загрозените држави од еврозоната. Според извори од банката, централната европска банка одредила седмичен горен плафон за купување обврзници во износ од 20 милијарди евра и засега не разгледува преземање поголеми акции како одговор на самитот на ЕУ. „Исходот од самитот, заедно со вчерашната прес-конференција на ECB, ја зголемува веројатноста дека Standard&Poor’s нема да ги исполни своите предупредувања за намалување на рејтинзите на земјите членки на ЕУ следните денови“, вели за Reuters, Адам Кол, шеф на одделот за глобална валутна стратегија во компанијата „RBC Capital Markets“.Агенцијата за одредување кредитни рејтинзи Standard&Poor’s во понеделникот ги стави на разгледување долгорочните кредитни рејтинзи на 15 членки од еврозоната поради можно намалување, што вообичаено значи дека тие би можеле да бидат намалени во рок од најмногу три месеца. „Пазарот сака брзо решение, што не е можно. Земјите ги намалуваат своите дефицити, што негативно влијае врз среднорочниот раст, и тој процес ќе потрае“, вели Маркус Хетингер, шеф за глобални валутни истражувања во „Credit Suisse“. Тој дополнува дека слабата ефективност на еврото, исто така, го рефлектира губењето на неговата предност по прашањето на каматните стапки откако во четвртокот ECB ги намали за четвртина процентен поен, на рекордно ниско ниво од еден отсто/крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 % во однос на одлуката од 7.03.2025 година.
Од 11.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,261 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,240 ден/кг и сега ќе изнесува 42,261 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 51,432%, кај дизелот за 4,044%, кај екстра лесното масло е за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 2,791%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5995%.
Економија
Бојкот на американски производи во Европа поради политиките на Трамп

Движења за бојкот на американските производи добиваат поддршка во Европа како реакција на промените во американската политика, особено во однос на воведените царини за европските производи и политиката кон руската агресија во Украина.
Во Шведска, оваа иницијатива доби посебен замав преку социјалните мрежи. На Фејсбук се формирани групите „Boykot varer fra USA“ со 67.000 членови и „Bojkotta varor från USA“, која брои над 70.000 корисници. Членовите на овие групи повикуваат на бојкот на американските брендови како „Мекдоналдс“, „Кока-Кола“, „Најк“, „Левис“, „Нетфликс“, „Гугл“ и „Ербнб“.
Јаник Кохинур, основачка на групата „Бојкотирам американска стока“, изјави дека овој чекор го презела бидејќи не можела директно да влијае на американските политики, но смета дека со економски притисок може да се испрати силна порака.
„Тешко е, бидејќи речиси сè е под влијание на Америка. Би требало да се бојкотира огромен број производи“, коментира еден од членовите на групата. Друг корисник нагласува дека луѓето при купување ретко размислуваат за потеклото на производите, што го прави бојкотот сложен.
Кохинур, сепак, беше критикувана бидејќи групата ја основала на платформата Фејсбук, која е во сопственост на американскиот технолошки гигант „Мета“. Таа одговори дека во моментов нема подобра алтернатива, но изрази надеж дека ќе се појават нови платформи што ќе им овозможат на активистите поголема независност.
Економија
Трипуновски: Нема да дозволам фантом земјоделци да профитираат

Земјишната политика е основен фактор за враќањето на производството во земјоделскиот сектор и враќање на производствените капацитети на нивото каде што некогаш биле, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Аграр“.
Трипуновски истакна дека неговата прва задача во функцијата е да направи ревизија на земјоделското земјиште кое било поделено во претходните години. Целта е да се провери дали земјиштето во државна сопственост се користи согласно со договореното.
„Нашиот фокус е да ги контролираме големите корисници, особено оние правни субјекти кои добиле големи површини земја, а кои можеби не ги исполнуваат обврските. До сега имаше два такви случаи каде земјиштето се користело бесправно, а истовремено биле искористени и државни субвенции“, објасни Трипуновски.
Контролите, како што најави, ќе продолжат и во иднина, а целта е да се ослободи земјиштето и да се додели на вистинските земјоделци кои ќе ја користат земјата со цел да ја подобрат производството.
„Не ќе дозволиме фантоми земјоделци да профитираат на сметка на државата“, нагласи министерот.
Во однос на јавните повици, Трипуновски информираше дека лани завршија јавни повици за распределба на земјиште кои беа објавени за време на техничката Влада. Со овие повици се потпишани 967 договори. Во текот на новогодишните празници беа објавени и нови повици кои беа барање на земјоделците, а тие завршија со пристигнување на над 2.000 апликации.
„Нашата следна фаза ќе биде оглас за распределба на земјиште, со точно дефинирани парцели. Планираме да се поделат парцели не помали од 10 хектари, бидејќи сакаме да ги охрабриме земјоделците да размислуваат за окрупнување на земјиштето“, изјави Трипуновски.