Регион
Унгарската полиција открила лабораторија за изработка на експлозиви
Унгарската антитерористичка полиција привела вкупно шест лица кај кои се откриени автоматско оружје, муниција и експлозиви, а при претресот на една куќа е откриена и лабораторија за изработка на експлозиви, потврди ноќта кон средата директорот на центарот за антитероризам.
Претходно медиумите објавија за оваа операција, но унгарското министерство не изнесе поединости за операцијата.Генералниот директор на Центарот за антитерористичко дејствување (ТЕК М!), Јанош Хајду, изјави дека две лица биле приведени во петокот и при претресот на нивниот автомобил биле пронајдени автоматски пушки, муниција и придушувачи. Следниот ден во предградие на Будимпешта биле приведени уште четири лица. Во нивното возило бил пронајден експлозив, а при претресот на домот на едниот од нив била откриена и лабораторија за изработка на експлозиви. Хајду изјави дека вториот случај на приведување има меѓународен контекст, но одби да прецизира каков.„Сé уште е прерано да се тврди дека приведувањата се поврзани со исламскиот тероризам“, истакна Хајду додавајќи дека полицијата не верува дека овие два случаи се меѓусебно поврзани.Центарот за антитерористичко дејствување најави дека ќе биде подигнато нивото на обезбедување на унгарскиот претседател, премиерот и на другите високи функционери./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.
Регион
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со трагичната смрт на сограѓанин во природна катастрофа што го зафати подрачјето на Јабланица, пренесува Ал Џезира Балканс.
Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните установи основани од општина Јабланица.
Културни, забавни и слични програми нема да се одржуваат на јавни места, а физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност, како и локалните медиуми ќе го приспособат своето работење.
Досега на подрачјето на Јабланица и Коњица се пронајдени телата на 15 лица, а по 10 до 15 исчезнати лица се уште се трага.
Регион
Дрвја и кал во БиХ, местата зафатени од поплавите се непрепознатливи
По поплавите што вчера ја зафатија БиХ, најтешка е состојбата во општина Јабланица, каде што најголем број урнати згради и објекти се под вода, а истото е и во Трусина и Бутуровиќ Поље, јави телевизијата БХТ1.
Новинарка на телевизијата, која известува од терен, изјави дека овие места се непрепознатливи.
-Можеме да видиме само дрвја и вода, кал, се’ лебди на површината на водата, можеме да видиме загрижени жители, изјави таа и додаде дека веќе се започнати хуманитарни акции за помош на загрозените.
Според последните неофицијални податоци само на територијата на Јабланица како исчезнати се водат 48 лица, додека официјалните податоци велат дека по поројните поплави и свлечиштата кај Јабланица, Кониќ, Крешево и Кисељак, потврдена е смртта на 19 лица, а дека по многу други уште се трага.
Населението во погодените подрачја има потреба од итна помош, а најитни се конзервираната храна и вода во шишиња.
Патната комуникација е отежната, а на места и целосно прекината.
Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај.