Свет
Медведев се сретна со лидерите на руската опозиција
Рускиот претседател Дмитриј Медведев во понеделникот се сретна со лидерите на руската опозиција, при што било разговарано за реформите на политичкиот систем по протестите за исходот од парламентарните избори од 4-ти декември, и на помалку од две седмици пред претседателските избори
Рускиот претседател Дмитриј Медведев во понеделникот се сретна со лидерите на руската опозиција, при што било разговарано за реформите на политичкиот систем по протестите за исходот од парламентарните избори од 4-ти декември, и на помалку од две седмици пред претседателските избори на коишто неговиот сопартиец од владејачката Единствена Русија, актуелниот премиер Владимир Путин е изразит фаворит.„Нашиот политички систем е далеку од идеален и повеќето од тука присутните го критизираат, понекогаш о многу жестоко. Овде има луѓе со различни политички ставови, и тоа е добро, бидејќи мораме да решиме како нашиот политички систем треба да се развива“, изјавил рускиот претседател Дмитриј Медведев на почетокот од состанокот кој во продолжението бил затворен за новинарите. Меѓу присутните претставници на опозицијата биле поранешниот вицепремиер Борис Немцов,и лидерот на движењето на крајната левица Сергеј Удалцов кој по завршувањето на состанокот на интернет страницата gazeta.ru изјавил дека противниците на актуелната руска власт можеле да ги изнесат своите ставови и забелешки, но дека немало никаков позначаен напредок.Според руските, медиуми, меѓу другото на средбата на претседателот Медведев и опозициските челници, станало збор и за политичките затвореници во Русија, околу инаку кој се согласуваат сите струи во многу разноноликиот спектар на руската опозиција. Притоа Немцов на Медведев му предал список со имињата на 37 личности за коишто опозицијата смета дека се политички затвореници и бара нивно ослободување, а меѓу кои било и името на поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски напади во Украина
Руските сили во текот на ноќта извршиле напади врз неколку украински региони, при што загинала најмалку една личност, а повредени се повеќе од десетина, меѓу кои и деца и постари лица, јавија регионалните власти.
Во Дњипропетровската област, руските сили го нападнале Дњипровскиот округ по полноќ. Повредено е 10-годишно дете, а оштетени се три куќи. Во близина на Никопол, имало артилериско гранатирање, но без жртви.
Во Запорошката област, во последните 24 часа, загинала една личност, а осум се повредени. Регистрирани се 577 напади врз 30 населени места со употреба на дронови, ракети и артилерија. Оштетени се најмалку 67 објекти, меѓу кои и домови и инфраструктура.
Во Херсон, гранатирањето околу 23:10 часот ја погодило населбата Корабељна. Повредени се три жени, од кои две се хоспитализирани. Во последните 24 часа во областа е регистрирана една жртва и 18 повредени.
Украинските власти предупредуваат дека ваквите ноќни напади се дел од континуирана стратегија на притисок врз цивилната инфраструктура.
Свет
(Видео) Киднапирањето на мајката на ТВ-водителката ја потресе Америка, семејството објави снимка: „Ќе платиме“
Американската телевизиска водителка Саванa Гатри и нејзиното семејство објавија ново видео во кое молат за безбедно враќање на киднапираната мајка, порачувајќи им на киднаперите: „Ќе платиме“. Нејзината мајка, Ненси Гатри, исчезнала минатиот викенд од својот дом во Тусон, Аризона, а властите веруваат дека станува збор за киднапирање, пишува Би-Би-Си.
„Ја примивме вашата порака и ја разбираме“, вели Гатри во видеото објавено во саботата навечер на Инстаграм, опкружена со братот и сестрата. „Ве молиме, вратете ни ја нашата мајка за да можеме да славиме со неа.“
View this post on Instagram
„Тоа е единствениот начин да најдеме мир“, продолжува таа. „Ова ни е бескрајно вредно. И ќе платиме.“ Во видеото не откри детали за пораката што ја спомнува.
Ненси Гатри исчезнала среде ноќ од својот дом минатиот викенд. Нејзиното отсуство било забележано кога во неделата не се појавила на богослужба. Властите утврдиле дека рано во неделата наутро камерата на влезната врата била исклучена и отстранета. Околу 2:28 часот по локално време, апликацијата поврзана со нејзиниот пејсмејкер била исклучена од телефонот.
Претходно оваа недела, властите соопштија дека сè уште немаат идентификувано осомничен. Понудена е награда од 50.000 долари за информации што би довеле до нејзино пронаоѓање.
Специјалниот агент на ФБИ, Хит Џенке, потврди дека се истражува можна порака за откуп испратена до неколку медиуми. Тој изјави дека пораката „содржела информации поврзани со рок и парична сума што се бара“. Властите во петокот соопштија дека се „свесни за нова порака поврзана со Ненси Гатри“ и ја проверуваат нејзината веродостојност.
Локална телевизиска станица потврдила дека примила порака, без да открие детали. Според порталот ТМЗ, киднаперите наводно барале милиони долари во криптовалута.
Семејството претходно објави видеа во кои побара доказ дека Ненси е жива и изрази подготвеност за разговор. ФБИ уапси едно лице поради испраќање лажна порака за откуп.
Семејството и полицијата предупредуваат дека Ненси може да биде во животна опасност без своите лекови.
„Таа е без своите лекови. Потребни ѝ се за да преживее“, изјави Саванa Гатри во претходна објава.
Претседателот Доналд Трамп изјави дека разговарал со Гатри и понудил помош од федералните служби. Шерифот на округот Пима, Крис Нанос, изјави дека истрагата продолжува и дека засега се верува оти Ненси е жива.
Саванa Гатри (54) е американска телевизиска новинарка и од 2012 година е ко-водителка на емисијата „TODAY“ на NBC News, како и главна правна дописничка и водителка на изборното покривање.
Свет
Вонредни избори во Јапонија: Такаичи подготвена да замине ако коалицијата загуби
Во Јапонија утрово започна гласањето на вонредните парламентарни избори, во услови на снежни врнежи низ целата земја, што би можеле да ја намалат излезноста, јавија јапонските медиуми.
Премиерката Санае Такаичи и нејзината Либерално-демократска партија (ЛДП), во коалиција со Партијата на иновации на Јапонија (ЈИП), се стремат да обезбедат мнозинство во Донниот дом на парламентот. Такаичи, која минатиот октомври стана прва жена премиер во Јапонија, најави дека ќе поднесе оставка ако коалицијата не добие мнозинство.
На изборите се кандидираа околу 1.300 лица за 465 места. Анкетите предвидуваат убедлива победа на коалицијата ЛДП–ЈИП. Се натпреваруваат и опозициски партии, меѓу кои Центристичкиот реформски сојуз, Демократската партија за народот, Комунистичката партија на Јапонија, Сансеито, Социјалдемократската партија, Реива Шинсенгуми и други.

